ЕНЕРГЕТСКО-ФИНАНСИСКИ ТЕНИС (ХРОНОЛОШКИ)
"ГЕЈМ" 11.01.2012 - 14:45
Топлификација зеде ЗАЕМ ОД 3.9 МИЛИОНИ евра ОД "ЕЛЕМ" и "МЕПСО" во рок од осум и пол месеци за купување на мазут и гас поради ПРОБЛЕМИТЕ кои што ги имала. Топлификација како залог дала осум обични акции издадени од топланата Те-То АД. (као за почеток на 2012)
"СЕТ" 12.01.2012 - 18:10
Топлификација испрати за 210% повисока сметка за парно (пошто нели "мазут, ово, оно")
"МЕЧ" 12.01.2012 - 12:51
Топлификација ќе подели 20 милиони денари како НАГРАДА за вработените КАКО КОМПАНИЈА ОД "20ТЕ НАЈУСПЕШНИ" (плус вредносен бон од валијант?)
"СЕКС" (СК ЌЕ ДА БИДЕ ИНТЕРЕСНО) 25 јули 2012, 14:24
Регулаторната комисија предлага цената на струјата од 1 август годинава да се зголеми за 9,83%.
Од нив 3,76 отсто ЌЕ БИДАТ ЗА ЕЛЕМ (увозникот на струја), а останатите за ЕВН (дистрибутер).
Комисијата донела одлука да го ослободи АД ЕЛЕМ од обврската за покривање на недостаток од електрична енергија од увоз и наместо ЕЛЕМ сега увозот на струја ќе го прави ЕВН снабдување.
ЕВН ги нема исплатено обврските кон ЕЛЕМ за мај, јуни и делумно за април од годинава и истата во моментов се соочува со сериозна неликвидност и доцни во плаќањето на своите обврски.
За увоз на струја биле потрошени околу 18 милијарди денари, а Регулаторната комисија за енергетика предвидела 680 илјади денари за таа намена.
Образложение на Регулаторна: "Доколку се прифатеа барањата И НА ТОПЛИФИКАЦИЈА за промена на цената за крајните корисници тоа ќе значеше поскапување од 36,45 отсто, а тоа се должи на зголемените ВАРИЈАБИЛНИ трошоци за гориво за 86 отсто" (да мазутот е варијабилен ама толку? може Топлиф. ќе враќа заем на ЕЛЕМ и МЕПСО со компензација?)
"А КОНТРАЦЕПЦИЈА?" 02.08.2012 - 17:43
Регулаторната комисија донесе Одлука за зголемување на цента не електрична енергија за 10%, со образложение дека СКАПО Е ПЛАТЕН УВОЗОТ на електричната енергија и дека постои СЛАБА НАПЛАТА на испорачаната електрична енергија, што создаде финансиска дупка од 20 милиони евра. Но, ја укина и евтината струја која се користеше преку ден. Неколку часа по зголемување на цената на електричната енергија и цената на ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ се зголеми за 4%. Ова е девето, односно десето поскапување во последните пет години.
"Спонтан Абортус" 03 АВГУСТ (пошто летото јас и ти си плаќаме а Хаџимишев е на Пефкохори со бонусот) 2012 14:34
Со новиот Правилник на Топлификација, не само што оној кој е исклучен ќе треба да плаќа фиксен надоместок, туку во иднина исклучувањето ќе биде можно само ако се обезбеди согласност од сите станари во колективните згради. Додека пак, оние што веќе се исклучиле, согласно Правилникот, ќе мора повторно да се вклучат во системот, а дури откако ќе обезбедат согласност од соседите, би можеле повторно да се исклучат. Доколку цел објект се исклучи граѓаните воопшто нема да бидат должни да плаќаат за топлинска енергија - демек. (Чичко еве не се гасам ама може да додадам радијатори? - Да бе синко, само потпиши договоров и пиши имотен и „ДА НЕ МУ ЈА МИСЛИШ"!
Поздрав,
Славе
ИЗВОРИ:
1.(http://www.sky.mk/makedonija/12032-%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D1%84…)
2. (http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/toplifikacija-isprati-za-210-povisok…)
3. (http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=97285&kategorija=2)
4. (http://evesti.mk/2012/07/25/regulatorna-strujata-poskapuva-za-10-a-parn…)
5. (http://sky.mk/makedonija/27913.html?task=view)