Министре, повелете, лифтот е само Ваш!
„Ви пишувам, а што друго можам..." – велеше Пушкин во неодминливиот „Евгениј Онегин". Оти на друг начин галиба не се стасува до Вас. Мора и вака јавно да признаам дека навистина сум воодушевена од тоа што сте толку посветени на работата. Не знам дали сте од новата, старо-новата, старата клапа, класа, каста, што и да е, но ова навистина е за поздравување. Доаѓање на работа точно во 8.30?! Браво(с). Секоја чест! Ама знаете што? Доаѓам и јас, и уште едно најмалце 2000 вработени во зградата и тоа исто во 8.30 часот, ама никако не успевам да фатам лифт навреме.
Не знам оти е тоа така. Можеби е многу веројатно оти тогај исто доаѓате и Вие па ги заглавуваат сите три лифта „од безбедносни причини" па се возите сам. Ама ако! Навистина е секоја чест министерот да доаѓа навреме. Ние работниците сме друга каста! Ние не мора! Ти живеј! Еве ако треба јас ќе доаѓам во 8.00 на работа, дури и пола саат порано, само и само да не се осеќаш Министре дискриминирано. Ама изгледа ќе да е до мене шо јас се осеќам дискриминирано. Но, со текот на времето (колку што ќе трае Вашиот мандат) ќе се обидеме да се навикнеме, да си ги промениме распоредите од станување порано, носење деца во школо, градинка, итн. за да стасаме навреме пред/по доаѓањето на Министерот.
Сабајле пред лифтовите додека чекаме, гледам повеќето колеги нервозни уште посабајле, а други пак ги слушам се решиле да чекаат, намерно да чекаат да дојде саатот за да го видат Министерот. Разбрале дека има едикојси таков Минситер што доаѓал на време на работа и се возел сам во лифт. Не им се веруваше дека постои такво нешто. Кога ми кажуваа и мене ми звучеше како бајка. Навистина! За живо чудо постоел и таков Министер. Па да не речете после дека само hоландскиот Премиер одел на работа со точак. Ете и ние си имаме таков Министер што се вози со лифт. Додуша сам се вози и едно 150 души чекаат додека да му пројде кругчето, ама тоа е. Додуша и сите ние доцниме и сме казнети со 15% на плата, чекајќи Министерот да се качи во лифт ама тоа е. Барем си имаме и ние еден.
Л.