Писма за кои чекаме корисни коментари

Се работи за едно детенце од 6 години од Прилеп кое треба и мора да добие едукација по некоја забрзана метода. Детево чита и пишува кирилица и латиница побрзо и од мене ( да не речам и од тебе). Собира и вади двоцифрени бројки како од шала.

Здраво Трендо

Ти пишувам со една молба за некоја добра информација. Имено се работи за едно детенце од 6 години од Прилеп кое треба и мора да добие едукација по некоја забрзана метода. Детево чита и пишува кирилица и латиница побрзо и од мене ( да не речам и од тебе). Собира и вади двоцифрени бројки како од шала. Родителите му се отепани сиромашни а мене солзи ми протекоа кога го преслушував. Педагогот предложи директно да го запишат во четврто одделение оти ке се досадувало во прво, второ и трето...

Мојата молба до тебе е ..дали имаме ние во МК некаде место каде ке се учат ваквите деца, каде државата ке финансира за него со целосен престој... ќе го усмерува неговиот забрзан развој... или пак ти имаш некој друг предлог...

Убеден сум дека ќе најдиш малку време и ке исчепкаш можеби некоја информација...

Ти благодарам.

Поздрав,
Раде Иваноски
irade92@gmail.com

23 мај 2012 - 15:38