Писма на препродадени читатели

Ти праќам пример за државен "бомбона бизнис" со препродавање документи помеѓу институции.

Здраво Трендо,

Ти праќам пример за државен "бомбона бизнис" со препродавање документи помеѓу институции.

Бирото за јавни набавки (БЈН) наплаќа минимум 4.000 МКД за да имаш пристап како фирма т.е. да можеш да аплицираш на тендери. На налогот треба фирмата да прикачи документи кои се земаат од Централен регистер и тие документи коштаат дополнителни 4.297 МКД+ 76 МКД провизија за електронско плаќање (WTF?!) = 4.373 МКД.

Од неодамна БЈН не дозволува документите да ги прикачиш сам и нуди можност да ги купиш директно од нивниот сајт.

Ама купувањето на овие документи од сајтот од БЈН, буквално истите документи, кошта 7.303 денари т.е. има маржа од 40%, ваљда за "интеринституционалното конектирање"...

Централен Регистер (треба да се логираш па да нарачаш секој документ посебно)


Цена за пакет број 1 на Сајтот од Биро за јавни набавки. Потенцирам пакет бр 1 оти за 99% од набавките ти треба тој.

(исто треба да се логираш па да прикачиш документи)

После на Doing Business сме оделе надолу...

поздрав,
Јован

*********

Реакција од читател:

Pozdrav Trendo,

Pozdrav i do batkata koj napisal za bombona biznis so BJN (Biro za Javni navki) (https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pisma-na-preprodadeni-chitateli).

Ocigledno e deka ne obrnal vnimanie na eden mal detal od celata prikazna, ili namerno ne sakal da go kaze i celta na toj post bila sosem druga (vo sto nesakam da navleguvam): Navedenata cena od sedum i kusur iljadi denari za dokumenti se odnesuva za 1 godisna obnova na dokumenti odnosno vo taa cena dobivas edna garnitura (pri samoto kupuvanje) a potoa po 6 meseci uste edna, obnovena, garnitura so sto prakticno imas 1 godina (12 meseci) novi dokumenti na sajtot na BJN koi se potrebni za tender.

Ako ne veruvas pogledni i samiot, kje ti bide jasno posle prviot procitan red.

I da, skrinshot-ot e po taze duri i od jajcata koi gi prodavaat na pazar.

Pozdrav,
Petrika

10 декември 2019 - 08:54