Па дај, Европа отвори граници одамна, па пуштија и ефтини летови, дај некоја асална фаца нека прошета по свет, нека напраи некоја достојна репортажа.. Не ми е јасно, баш, зашо така си го потценуваш аудиториумот. Па и ја те поштуев ко шизик у маало на времето коа имавме интернет на факс, па чекав кул сликичките на Трендо да се отворат по 5 мин, али чекав, а ти беше шизик. Сеа брат има многу поеќе шизици со брз интернет да ги најдат истите сликички, па ти остана со глупердајата од Јана, Емили и слично.. Мислам, стварно.. it's not cool anymore..
А ко ќе видам, можда и до тоа е, ја пораснав а ти си остана (скрос)истиот фраер(од Скопје). Ајт.
ааа... и можеш слободно ова да го објавиш ко: писма на разочарани читателки.
Марија Накевска
*******************
Марија, Марија...
Ако мислиш дека ефтините летови се доволни за некоја "асална фаца" да прошета по свет и да ни прати достојна репортажа, поканета си на наш трошок да одбереш билет во кој било правец. Ако треба, и повратен. Малку штета што ни откри дека си пораснала. Да не беше така, убаво ќе си се лажев дека допрва треба да постигнеш некаква човечка и пишувачка зрелост.
Трендо