Не е проблемот во славењето на кучешкиот роденден, туку проблемот е што настанот е закажан и се реализира на детско игралиште - истото на кое преку ден децата си играат, а кучешките закуски се конзумираат на клупите - истите на кои преку ден бебињата јадат кашички.
Овие наши комшии се одамна познати по тоа дека кога ќе се стемни, ја затвараат вратата од игралиштето и ги пуштаат кучињата таму, но сега работата ја преминува секоја граница.
Најиронично од се е дека на само 10 минути пешки од оваа локација, наспроти Веро 2, има заграден парк наменет за кучиња, така да можеле слободно таму да слават роденден, именден или слично.
П.С.
Сликите од прекрасниот настан се превземени од ФБ страницата Boni Bonka Boni, така да целиот спектакл може таму да се погледне.
Поздрав од Марко