Писма на Наркотикс Анонимус

Јас сум зависник кој повеќе од десет години е чист од сите дроги, вклучувајки го и алкохолот, живем надвор од земјава но сега сум тука на подолг период и би сакал да им ја пренесам пораката на тие што им е смачено од земање дрога, дека е можно да се престане и живее без неа.

Драги Трендо!

Ви се обраќам со надеж дега ке ги информирате вашите многубројни читатели дeкa здружението на Наркотикс Анонимус е сега достапно до луѓе кои имаат проблем со зависност од било каков вид на дрога. Здружението на Наркотикс Анонимус постои во 129 земји во светот и сега почна да функционира во Македонија.

Јас сум зависник кој повеќе од десет години е чист од сите дроги, вклучувајки го и алкохолот, живеам надвор од земјава но сега сум тука на подолг период и би сакал да им ја пренесам пораката на тие што им е смачено од земање дрога, дека е можно да се престане и живее без неа. Сигурно знаете како е лоша ситуацијата во земјава, колку млади животи се губат секојдневно и колку семејства се уништени. Би ви бил неограничено благодарен ако најдете прикладно место во вашиот портал да го објавите ова писмо. Ова е краток увод за здружението:

Наркотикс Анонимус е непрофитно здружение, или друштво на мажи и жени на кои дрогата им претставува сериозен проблем. Ние сме зависници кои се опоравуваат и редовно се состануваат за да помогнеме еден на друг да останеме чисти. Многумина од нас успеваат да престанат да користат било каков вид на дрога. Има само еден услов за членство, а тоа е желбата да се престане со дрогирање.

НА не прикачува никакви обврски. Нашето здружение не е поврзано ниту со една институција или организација, не се плаќа чланарина ниту се водат било какво белешки или записници. Секој може да ни се придружи и cите членови се потполно еднакви.

Во Скопје сега редовно се одржуваат НА состаноци на кои зависници, без терапевти и стручњаци, го делат своето искуство, сила и надеж. Анонимноста е најважен принцип за да се зачува безбедноста на членовите кои доаѓаат. Сите членови се потполно еднакви.

Јавете се на 077 810 208 или дојдете на состанок секој Вторник и Четврток во 18.30 и Сабота во 16.30 во Пајко Маало (Адвокатска Улица) бр. 4, Скопје

Франки

п.с. за повеке информации проверете на www.na.org

20 јануари 2014 - 08:21