Писма на љубители на пишаниот збор

Уште тогаш имаше случаи каде лекторираниот текст се касапеше до таа мерка што совесните лектори бараа нивното име да не се спомнува во книгите.

Драг Трендо,

Да бидам искрен, воопшто не сум изненаден од постоењето на некаква си комисија која ги лекторира лекторите. Пред икс години бев инволвиран во создавањето на стручни, научни книги од домашни автори. Ценети експерти во својата струка. Уште тогаш имаше случаи каде лекторираниот текст се касапеше до таа мерка што совесните лектори бараа нивното име да не се спомнува во книгите. Значи - ништо ново. Поточно, стара практика подигната на комисиско ниво.

Би било интересно да се види речникот што комисијата би го создала за SF литература. За потсетување: Автостоперскиот водич низ Галаксијата (нашиот превод) е убедливо најкатастрофалното нешто отпечатено кај нас. Не би ме зачудило одговорните за тоа да имаат претставник во комисијата.

Во последниве десетина години имам прочитано преку две илјади книги (приближно 100.000 страници). За жал, само една од книгите на македонски. Трендоленд е книга што ја испрочитав без да размислувам каква глупост (во јазичен смисол) крие следната страница.

Bottom-line:
Ситуацијата е таква кава што е. Јас (поодамна) се откажав од читање кирилични преводи. Жално е што некои нови генерации ќе бидат жртви на експериментот на некоја си комисија.

Поздрав,
Александар Гештаковски,
љубител на пишаниот збор

PS
Поддршка за сите лектори на кои им е преку глава од лекторирање на нивните лектури.

12 декември 2014 - 14:49