Охридско - панкерски писма на читатели

Со чесни исклучоци на докториве, ама еден куп од вас заслужуваат да земаат само хонорар колку за штека цигари месечно. До вчера намќори, важни, сестриве мислат дека се пластични хирурзи, па не перцепираат нит баби нит жаби. И сега ајде да ве подржиме. А мајка, така не. Ако протестирате, сами правете си протести. Кршете се пред вас, со вас ќе сме. Ние ве подржуваме, ама морално. И ние студентиве кога протестиравме, колегите од медицински факултет ни викаа морално ве подржуваме. Фита - фит, нема љутиш!

Гратчето Пејтон и ѕвездените шерифи!

Ех ова ноемвриво многу бурно стана. Кој знаел дека на толку концетрирана депресија во гратчето Пејтон, ќе се распламтат толку многу страсти. Не дека не си фураат сите свој филм, него нешто многу акции имаше. Сите пуштивме корени, та си ја засадивме иднината. Докторине почнаа да си играат доктор Офболи, пензионерине на старост ќе крадат дрва за да се греат, а кај и да е Лас Вегас не ни бега. Ние кутрите екс студенти што ни се згреши да се вратиме во „Паланка", изгинавме во смрдеава и сметов низ градов. Ајде јануари ќе пркне троа троа, крстон годинава од авион ќе го фрлале, па малце и ние дебрчаниве да се офајдиме.

Абе се е фрлено во градов на маса. Знаеш она бицепс трицепс, мрсноќа и ослич риба. Вино и течен апаурин ала ракија во секоја пригода, глава на раменици и трк до теретатана. Пола град е станат коњаникот Сабја и ѕвездените шерифи. Нит се знае кој јаде нит кој пие. Кафанава да растура.

Во неа први градскиве докторчина. Нема да го радикализираат протестот. Доктор Живаго нареди дека учинокот си е учинок, па сакале работеле сакале не. Не дека на овие им одговара, ама пуста мака пола од нив се влезени на „нати го дај ми го" и сега ќе си молчат. Малку пример нека земат од нашиве јужни соседи, нека ги образоваат за штрајкови и протести. Ако се фиромци, за таква работа не се замараат соседиве многу многу. Најмногу ме гаѓа што не зачинуваат нас граѓаниве во секоја манџа. Направете една објективна анкета, па ќе испадне дека и вашите најблиски не се замараат дека протестирате. Со чесни исклучоци на докториве, ама еден куп од вас заслужуваат да земаат само хонорар колку за штека цигари месечно. До вчера намќори, важни, сестриве мислат дека се пластични хирурзи, па не перцепираат нит баби нит жаби. И сега ајде да ве подржиме. А мајка, така не. Ако протестирате, сами правете си протести. Кршете се пред вас, со вас ќе сме. Ние ве подржуваме, ама морално. И ние студентиве кога протестиравме, колегите од медицински факултет ни викаа морално ве подржуваме. Фита - фит, нема љутиш!

До докторчинава веднаш седнати овие локалниве и централниве фацулиња. Се размакале во таа руската, човек да не може на ред да дојде. На неродениов Петко му сплетија капа, ама и му ја симнаа. Се грабнале за таа пуста индиска капа, да би ја оган изгорело. Од хотеливе кажаа дека ако овој манулецов Дархамахраџ од серијана Бандини ќе гради, тие ќе го подржат. Ама пак локалциве викаат не било фер, порано плаќале за шахти и чуда, овој демек ќе го лапнел медот без да плати. И така додека се расправаа, централциве пред време го изградија Вегас. Другиве ги пуштија булдожерите и рушија се, како во Трпејца. Ама се некако идеава ми е во сомнително време. Ах да бе, ќе се гласа кој биде кмет, а кој сеирџија во државава.

А и едниве и другиве малку да се завртат да видат во кое ѓубре живееме. Абе не ви е срам семафорине да ви ги контролира кој стигне? Туристине да се чудат зошто од секоја втора бандера висат кабли, а кој стигне си паркира ама токму кај сака. Ред никаков, мир очаен. Балканштина. Ах, во Њемачка ако ти спомнат Балкан, жигосан си. Сите бегаат од тебе. Веројатно и има смисла зборов. Дури и во речник е истолкуван како пакост и штеточина. А ние пусто, горди балканци. Се маваме вгради дека сме најгостопримлив народ и најчесен. Ние како што гледаме на Палестина, така гледаат Европејциве на нас. Верувајте. На крај сигурно ќе се донесе закон, со кој на сите страдни души ќе им се забрани туристичка посета надвор од црнава рупа, за да не видат дека сонцево поинаку грее надвор од границиве. Ама ние знаеш, шетани деца еее Југославија, Софија, Солун, Тирана... Пример земаме баш од овие, затоа и останавме ендемски видови.

За крај сакам една порака да пренесам. Дај отворете кладилници и коцкарници на стадионон, барем така некогаш ќе се наполне. Плус тука ќе си уплаќаме, ќе си гледаме во живо, мераци. Да не речам ќе си поднаместиме по некој гол, ако не ни одговара влегуваме на терен и службено еден коефициент. Сите офајдени, никој во загуба. А провинцивчево ќе си останит какво што си е...„Паланка" да не речам.

Панкеришче

30 ноември 2012 - 08:33