Медиумски писма на читатели кои заминуваат

Знам дека вашио сајт не е место за вакви работи, али мора на некој да се обратам, не дека ми е мене лично мука, за неколку месеци би требало „нагоре" да бегам, него за овиа, шо ќе останат тука.

Пред се, у слободен пазар, приватните телевизиите можат да зборат буквално шо сакат, се додека не га кршат законо, тиа навреди и клевети и слични ствари. Тоа мора да га расчистемо.
Е сга, некој решил со закон да га ограничува воа право, директно државата да се меша у уредничката политика на медиумите па дали збориле со негативен тон кон некој или не, колку минути и колку стотинки збориле со позитиван за други. Ќе ве молам не бидете сељачишта и не се мешајте у приватните компании. У ваа држава политичарите мислат дека можат све со закон да регулират, замислите има закон кој забранува клање бишенце и варење ракија у двор, „дами и господа" па дали сте вие нормални !?

Уредничката политика на телевизиите треба да одговара на граѓаните, односно граѓаните индиректно, преку рејтинго на телевизиите, да регулират шо да се емитува на истите. Пример, кд вашио сајт не би постирал толку фини статии никој не би га читал а со самото тоа никој не би се рекламирал на истио и вие не би имале пари да преживеете (освен ако не сте вработени сите у јавна администрација па сајто да ви е само хоби додека сте на работа). Исто е и кај телевизиите, кд некоја телевизија не би емитувала програма шо ќе и се допадне на гледачите, намалува и се рејтинго, поефтинуват рекламите на телевизијата и истата би работила со загуба или би пропаднала. Ете така драги мој у кратки црти ви објасни како работе пазаро у капиталистичките држави, истио пример можете да га земете и со било која друга приватна компанија (со мали измени, пошо никој не е гледач у Седмица на пример, него е јадач).

Е сга доаѓамо до најголемио уредник на телевизијата, гледачите односно народо. Народите со европска култура шо се понашат како енглези сите и најголема грижа у живото им е зашо мачињата кутри мрзнат на улица у зимо, има истенчен вкус и убаво гу регулира уредничката политика на големите телевизиски куќи, која серија да гу дават у недела вечер, дали са вестите неутрални и слично. И гледа шо и се допаѓа, пошо они, за разлика од нас, знаат дека со кабловска идат преку 100 програми и ако не и се допаѓа нешо можат да сменат.

Е доаѓамо до кључнио проблем у целата ваа маскарада, НИА.

Ниа смо едни големи сељачишта шо улезеа у 21ви век без знаење дека можемо да сменемо програма, можемо да не гледамо телевизија и можемо индиректно да гу уредувамо политиката на било која македонска телевизија. Али има уште еден проблем, многу народ нема претстава шо са демократски вредности и како треба да изгледа новинар или спикер на вести у една модерна, европска држава и се задоволуват со ефтини ликови шо се понашат како, да ми извинете, куртони (стварно не сфаќам зашо кд сакаш некој да навредеш викаш га куртон, куртоно те чува од СИДА и купување на пелени, јесте да ти прае и крукче на новчанико али тоа е твоја вина).

Е сга, ниа сите сакамо да улеземо у ЕУ и то све, али како можемо да улеземо у тиа институции и да се дружемо со луѓе со европски вредности кд у државата најчитан портал ни е Курир и Прес24 а најгледана телевизија Сител, рејтинго на ефтини турски серии га удара плафоно, а телевизите кд се обидуват да бидат неутрални, критички настроени кон двете страни ги нарекувамо кодоши, а недај боже да ни пуштат „Шерлок" кутрата серија двујца не гу гледат на Телма. Да бемо малку пообразовани и покултурни луѓе со барем малку вкус за добар филм и серија Сител ќе неможеше реклама да продадеше (освен Владини, али кд никој не би гу гледал, ни владата не би се рекламирала там). Каква Европа ниа сакамо кд најчитани статии ни са за гаќичките на некоја глупа старлета без основно шо и испаднале на некое глупо ријалити шоу или поглупо „талент" шоу. За каква Европа ниа сонувамо кд Цеца пуне стадиони со по 100.000 народ. Каква Европа бе, ниа за у Наколец не смо...

„Дами и господа" ниа за Европа можемо само да сонувамо со наште малограѓански размислувања, Европа нејќе луѓе како нас, она е основана за да се заштите од луѓе како нас а не да се друже со истите. Не дека она нема маани, али тоа е друга тема на разговор, основните вредности врз кои се поставени темелите на ЕУ преставуват гу нашта спротивност, тоа шо ниа треба да постанемо, некад. Али не очајувајте, ако малку ви помага, мојта теорија е дека овоа е фаза која сите нови држави мора да гу поминат, надевам се дека за 20 години нема да трпемо вакви срања. Или соништата на Моџо конечно ќе станат реалност па ќе падне метеор.

Не са Заев или Груевски криви, ниа смо гомна.

Петра С.

 

12 февруари 2016 - 09:10