Клинички писма на читателки

Навистина бев пријатно изненадена кога пред десетина дена министерот за здравство г-дин Никола Тодоров изјави дека основен критериум при вработувањето на лекарите ќе биде постигнатиот успех во текот на нивното студирање и познавањето на англискиот јазик.

ЗА КОГО ВАЖАТ УСЛОВИТЕ?

Навистина бев пријатно изненадена кога пред десетина дена министерот за здравство г-дин Никола Тодоров изјави дека основен критериум при вработувањето на лекарите ќе биде постигнатиот успех во текот на нивното студирање и познавањето на англискиот јазик како неопходен сегмент за комуникација и следење на современите медицински текови. Во тој контекс почитуваниот министер најави дека истото ќе важи и за Директорите на јавните здравствени установи, кои покрај гореневедените услови ќе мора да полагаат и дополнителни испити за раководење со установите.

Искрено очекував дека сите кои не ги исполнуваат условите ќе си поднесат оставка на функциите или министерот експресно ќе ги разреши, но ништо од горенаведеното не се случи. Како илустрација нека послужи фактот дека Универзитетските клиники во Скопје како врвни здравствено наставно-научни установи во значителе број се водени од Директори кои не ги исполнуваат ниту основните критериуми. Од триесетина клиники и институти во повеќе од една третина директорите не исполнуваат еден од двата базични критериуми, а најеклатантен е примерот со Универзитетската клиника за токсикологија каде раководи директор кој не го знае ниту англискиот јазик и има просек 6,5 што е далеку од предвидениот минимум од 8.00.

Се прашувам со каков кредибилитет овие колеги ги раководат клиниките и какво е стручното ниво на главните визити во овие установи. Очигледно во оваа држава може да се биде Директор на универзитетска установа без просек и јазик, но не може да се биде лекар почетник.

Др.Гордана Неловска

7 јуни 2012 - 17:27