Работен наслов на сценаријо: „Пепел“.
Локацијата на дејството: Остров лоциран некаде на северозападниот дел на индискиот Океан.
Работно име на земјата: „Номакистан“.
Контекст: Политичката ситуација во Номакистан е деликатна. На власт е влада која се бори да ја ослободи државата од влијанието во инситуциите од поединци инсталирани од претходната власт. Номакистан, во деновите во кои се одвива дејството на ова сценарио, станува член на најголемата воена алијанса и започнува преговори за членство во заедницата на најдемократски земји. Владата на Номакистан се надева дека членството во овие две организации е доволно за надминување на било каков безбедносен предизвик.
Заплет: Во светот постои пандемија на Корона вирус. Корона вирусот има тенденција да предизвика сериозни здравствени проблеми и има стапка на висок морталитет. Негата на заболените е комплексна и го апсорбира до максимум потенцијалот на здравствените служби во Номакистан.
Во виорот на оваа пандемија, околу 200 државјани на Номакистан остануваат заглавени во странство. Владата прави напори да ги групира граѓаните кои се во странство и со еден брод да ги донесе дома. За таа цел Владата го ангажирала Министерството за одбрана да изготви решение за згрижување на овие лица. Министерството со целата своја стручност, признаена деновите со членство во најголемата воена алијанса, јавно го објавува својот план. Планот е да се сместат овие 200 лица во зградите на еден воен објект со кодно име „Пепел“.
Кулминација на заплетот: Владата го организира превозот од пристаништето до воениот објект со превоз во групи, без веродостојни медицински резултати за здравствената состојба на секој патник. Сите патници се запознаени со времето потребно за инкубација на вирусот и со мерките за самозаштита од заразата издадени од СЗО. За време на превозот, секој патник се чувствува дека е доведен во состојба која не е под негова контрола и може да биде заразен.
Кога лицата пристигнуваат во воениот објект се соочуваат со страшна одлука.
Министерството за одбрана, по препорака на врвните воени експерти за справување со вакви ситуации, донело одлука да ги смести во објект каде некогаш се наоѓале војнички спални соби. Тоа се објекти со по неколку простории во кои порано спиела војска. Таму има кревети на спрат, со растојание помеѓу креветите од околу 60 цм. Во една просторија би можеле да бидат сместени помеѓу десет до дваесет војници. Во просек од околу 3 м2 по војник во просторија. На секој спрат во објектите има едно заедничко веце и заеднички мијалник. Туш кабините се во друг објект, кој исто така е заеднички, а го користеле војниците сместени во повеќето објекти. Распоредот се уште е закачен на влезната врата.
Иако Министерот за одбрана, во придружба на членовите на Воента команда на Номакстан, предходно бил во контрола на објектите каде планирале да ги сместат државјаните кои пристигнале од странство, луѓето чувствуваат дека нивното здравје може да биде дополнително загрозено.
Со цел да се самозаштитат, луѓето донесуваат одлука да избегаат од овој воен објект и да бараат спас во својата способност за преживување.
Во Немакистан неконтролирано се шири Корона вирусот. На изолираниот остров настануваат општествени немири поради недостаток на лекови, медицински средтства, храна, криминал и слично, кои дополнително го шират вирусот.
Завршна сцена: Се гледаат ожнеани ниви. На една меѓа помеѓу нивите се гледа една расцветана слива џанка. Под сенката од кутрото дрво има две цигли на кои стои рѓосана тенеќија, откорната од некогашна канта за сирење. На тенеќијата стои исчадено тенџере со загорен грав. Покрај тенџетеро има три јагленосани пиперки...
Силно дувна ветер. Пепел на секаде. Ветрот ја дувна последната искра која го запали стрништето.
18.03.2020
Јане Крстески
*** Почитуван Трендо, почитувана Редакцијо.
Врз основа на претдходниот вовед, би сакал заедно со Вас да потегнам иницијатива за пишување на меѓународен роман создаден на база на глупави политички одлуки околу Ковид-19, без разлика на земјата на потекло. Во мојата визија, секое поглавје може да биде авторско дело на човек кој тоа го преживеал во земјата за која пишува, збирка на поврзани приказни или сл.
Замислете.
Поздрaв,
Јане