Хедонистички писма на читатели

Трендо, секоја чест за секцијата "Софка за двајца". Го пробав Beef Wellington и...

....ептен добро испадна!

Еве слика:

Поздрав до Софка!
Томислав

************************
Браос друже! Баш ми е драго што си решил да пробаш рецепт на Софка, посебно што не си уцвикал од Велингтон, една врвна измислица која вреди за секоја минута од спремањето кое бара трпеливост.

Ма како читал, правел!

Ете мојот (последниот пат) како изгледаше. Хинт: во мојот Велингтон има плус костени (150 грама, варени/печени па уситнети) заедно со печурките. Пробај го тоа некогаш, костените даваат една фина божиќна илузија дека засекогаш ќе бидеме среќни. Ако не ние, тогаш барем нашите непца. 

Трендо
п.с. откако се пресече, немаше услови за фотографирање :)

* Рецептот на Софка е овде

7 декември 2015 - 09:56