Гео-политички писма на читатели

Не ми е јасно на што мислеа нашите „лидери“ и нивните пресс-титутки кога велеа дека „сега гледаме колку беше важно за нашата безбедност што влеговме во НАТО“. Сите можни воени закани за Македонија се веќе во НАТО, а од нив НАТО ќе нè брани колку што нè брани моментално од Бугарија.

Здраво Трендо,

За тезите на Мершајмер веројатно веќе знаат сите кои ги интересира темата. Без разлика, интересни ми се Q&A сесиите што ги има со публиката. Наапани ликови пењават да го фатат во тесно, тој одговара на сите прашања, покажувајќи колку европејциве имаат неверојатно наивна идеја за меѓународната политика.

„Мислите Путин и Лавров случајно му пишаа на Вашингтон а не на Јенс Столтенберг? Колку дивизии има Столтенберг?“

Сакам да посочам едно друго негово интервју во Германија, целото е интересно, но ти го праќам од делот кај што водителката го прашува за вистинските цели на НАТО. Имено, американските политичари кога дискутираат меѓусебе за НАТО велат дека задачата му е „To keep us in, to keep the Germans down, and to keep the Russians out.“ Односно, согласно сите нивни геополитички теории, од Макиндер до Бжежински и неговите верни следбеници како Нуланд, една од најголемите закани за америчката хегемонија е потенцијалното здружување на Германија и Русија кои заедно можат да станат доминантна светска сила, па главната цел на НАТО е тоа да го спречи.

П.С. Не ми е јасно само на што мислеа нашите „лидери“ и нивните пресс-титутки кога велеа дека „сега гледаме колку беше важно за нашата безбедност што влеговме во НАТО“. Пред да влеземе во НАТО не бевме во војна со Русија, сега сме во војна со Русија, пред да влеземе во НАТО немаше закана дека некој ќе испука нуклеарка тука, сега има закана. Сите можни воени закани за Македонија се веќе во НАТО, а од нив НАТО ќе не брани колку што не брани моментално од Бугарија. Жалната вистина е, дека Србија е единствениот наш сосед на кого постоењето на Македонија како држава му одговара. Сега дополнително ќе се обезличиме за од нашето какво такво чамче, се качиме на брод кој тоне - ЕУ.

Who rules East Europe commands the Heartland;
who rules the Heartland commands the World-Island;
who rules the World-Island commands the world.
— Mackinder, Democratic Ideals and Reality, p. 150

Поздрав,
Матеј

***********

Од Мершајмер на Офф.нет види и:

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Кансел дивизиите тргнаа на Мершајмер

1 јули 2022 - 12:44