Форвардирачки писма на читатели

Ова писмо го пишувам по повод последниот национал шовинистички испад на група пратеници во Народното Собрание на Република Бугарија.  Пратениците држеа транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“.

МНР на С. Македонија испрати вербална нота до амбасадорот на Р. Бугарија како реакција на овој инцидент.

Дел од јавноста а и политичките партии тврдат дека реакцијата е премногу блага и дека требало да биде од писмена нота па сè до протерување на бугарскиот амбасадор.

Искрено, мене едно не ми е јасно - со Преспанскиот договор ние од Република Македонија станавма Северна Македонија. Како станавме и што добивме со тоа не е предмет на овој текст.

Меѓутоа, со Преспанскиот договор право на името Македонија го има само Република Грција. Зборот Македонија денес се однесува на административна област во Република Грција.

Да повторам бугарските пратеници држеа транспаренти на кои јасно пишуваше „Македонија е Бугарија“ а не Северна Македонија. 

Според ова сè уште не ми е јасно зошто изостана било каква реакција од страна на МНР на Република Грција. Затоа што со овој транспарент Бугарија покажува јасни територијални претензии кон Грција а не кон „нашата земја“.

НИКОГАШ северна, САМО МАКЕДОНИЈА,
Дарко

 

29 јуни 2022 - 14:43