Филмски писма на читателки

Skopje remixed до пола е страшно монотон, а од пола натаму бев толку истрауматизирана од првата половина што не можев да пресудам дали останатите филмчиња навистина ми се допаднаа или со самото тоа што немаше PMG пропаганда, беа осудени да ми се допаднат.

Алтернативата во Скопје, Постоела и сеуште ПОСТОИ. За веќе доста искритикуваниот, Skopje Remixed имам едно прашање : Кога последен пат било кој од режисерковците бил на алтернативна клубска забава во Скопје, освен на ПМГ Колектив, за кои јасно видовме дека сте им најголеми, а богами и најбројни фанови?

Имам 25 години. Првата забава ми беше во седмо одделение во Метропол. Да, се затвори Метропол, тажевме, се до наредниот викенд додека не се отвори Планет Макс, Елемент и да не ги редам уште кај се не се испреместивме. Муабетот ми е—скопската клубска алтернатива не е константа, тоа е движење. Ако не се движи, ќе почне да тапка у место да се здосадува и мувлосува и ќе биде достапна за секакви мувлари, нели, како што си е редот. Скопје не е земено како што алудира филмот, само се преместени локациите. А, луѓето што пред 10 год. се панкале до сабајле, сега се остарени и тешко им е да признаат дека се веќе маторци и полесно им е да јадат вафли дека ни го зедоја Скопјето, место да се радуваат дека омладината сеуште има кај да се панка до доцните утрински часови.

Ееее, место да јадат вафли у празно т.е. место да прават филмови кои се неразбирливи за публиката за која се наменети, топло би им препорачала да си ги извадат тетратките од прва година од факс, да се потсетат како се правеше филм!

Се разбира, секоја чест на исклучокот што се ориентираше квалитетно да ни ја прикаже другата страна на Скопје што рекетарски ни ја земаат и за жал не можеме да направиме ама баш ништо.

Гледам дека Тарантино има големо влијание врз нашиве филмаџии и тоа е супер. Но, имајте на ум дека секоја имитација води кон бледа копија и уште побледи и бесполезни, да не речам ретардирани дијалози...

Овие 10 луѓе имаа шанса да направат вистински да се запрашаме кај сме биле а каде сме сега. Наместо тоа, излегов од кино нервозна затоа што ми прикажаа како изгледа петок вечер во Сектор и ме удавија со некој досаден музички спот како гранд финале. Брилијантин ( Grease) се случи еднаш и толку—не се враќа веќе!!!

Биљана

27 април 2012 - 09:46