Охридска банка Сосиете Женерал го отвори повикот за учество на летната школа „Биди Банкар“, која и ова лето ќе се одржи во Охрид. Летната школа „Биди Банкар“ е проект на Банката отворен за студентите од сите факултети во последна година од додипломски, или постдипломски студии.
Биди Банкар е уникатна летна школа која нуди интензивна програма составена од реална практична работа, настава, тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал, a овозможува и предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар.
Како општествено-одговорна компанија, Банката ја создаде летната школа „Биди Банкар“ за да понуди едно ново искуство на сите заинтересирани млади за банкарското работење, а со тоа да им овозможи практична едукација од прва рака и да ги подготви со најбараните вештини на пазарот на труд. Во изминатите 2 години школата ја посетија дваесетина учесници, од кои 10 се вработени во Банката, а останатите станаа дел од реномирани компании во Македонија.
Оваа година, школата ќе се одржи од 1 до 26 јули во Охрид. Трошоците за храна и престој за времетраењето на летната школа ги подмирува Охридска банка Сосиете Женерал.
Сите заинтересирани студенти кои се во завршната година од студиите можат можат да аплицираат на веб страницата https://bidibankar.mk/ со потполнување на онлајн форма за апликација најдоцна до 31 мај, 2019 година. По завршување на периодот за аплицирање, Банката ќе изврши тестирање на пријавените кандидати и ќе одбере 10 студенти кои ќе учествуваат на Третата летна школа „Биди Банкар“.
Повеќе информации за летната школа може да прочитате на наменската веб страница.
(Комерцијален текст)