Том Келси од Англија отворил свој канал на Јутјуб посветен на Фудбал Менаџер уште додека бил студент.
Работел како помошник за деловна поддршка, но во август минатата година си дал отказ за да се посвети повеќе на својата амбиција, која кај нас е позната како големо хоби и зараза и се вика Фудбал Менаџер.
Од одење секој ден во канцеларија, Том сега полното работно време го поминува кај неговите во спална од каде го води својот Јутјуб канал. Објавува во просек по три видеа неделно и прави двојно повеќе пари од претходно.
„Како што каналот стана попопуларен и повеќе луѓе почнаа да го гледаат, така почнав да заработувам пари од реклами. Од идеја, ова стана моја работа која ми носи двојно повеќе пари. Сега сум свој газда, сам одлучувам како ќе работам и тоа што не работам за друг е најдобриот дел“, вели Келси.
Има 118.000 претплатници од кои добива околу 1 милион прегледи месечно.
„Можам лесно да поминувам 50 до 60 часа неделно играјќи Фудбал Менаџер, што можеби за некого звучи лудо, но за мене тоа е исполнување на сонот. Необично е кога ќе кажете дека во патот на кариерата играте игрици за време на своето работно време. Постојано расте, од месец во месец, така што ќе се трудам да го правам ова онолку долго колку што можам“.
Том за БиБиСи раскажува дека фамилијата и пријателите ја поддржуваат неговата кариера како виртуелен Пеп Гвардиола или Јирген Клоп.
Фудбал Менаџер прв пат го привлече вниманието кај гејмерите во 2004-та година.