Кец у два

Три слободни фрлања вредни милион и пол денари

Во малер на колото обично го ставаме оној кој утнал една, ама овој пат ќе направиме исклучок, бидејќи сме немале вакот тикет. На 14 погодени стрелци не можеш да останеш рамнодушен што тројцава не можат по едно слободно фрлање да погодат. Па слободно фрлање е, не е гол од корнер.

Како реагираше прилепчанецот кога му падна џек потот

Или се накљукал со дијазепами или си рекол останувам смирен што и да се случи да не ми попушти срцето, трето нема, бидејќи реакцијата му е како да фатил 56, а 560.000 евра.

Европски рекорд во кладилница: Прилепчанец фати 560.000 евра

Македонец од Прилеп стана цар, крал или ако сакате бог во кладење. Ова што тој го погоди е најголема добивка во Европа во однос на влог. Pray for Mozzart.

Кладилничарска понуда на годината

На пет минути пред истекот на старата а доаѓањето на новата година во една кладилница во Република Српска имало интересни понуди за обложување.

Гол вреден милион денари

Ете до толку може човек да нема к`смет. Го уплаѓа истиот тикет три пати со различни уплати, гаѓа сè живо, но исплатата му ја стопира тој пусти гол кој фали да го постигне ПСЖ во прво полувреме (0:1 прво, 2:3 крај), екипа која дроби сезонава со голови. Инаку тоа му е најмалиот коефициент. Нето добивка: 15.000 евра.

Некој бил убеден дека ќе загубиме од Чешка

Ни стигнаа две задоцнети ливчиња од еден махер кој веројатно од обзири спрема сè живо што се изнервира за поразот на Македонија од Чешка, дури сега ни ги праќа тикетите. Ја товарел без да штеди, а добро ја намирисал и Словенија.

Во името на гол-гол, три плус и второ појако од прво

Во кладилница нема што не е пробано. Сите игри, сите комбинации, сите системи. Кога не сака не сака, па дај да викнеме поп во припомош за добивка. Православен свештеник, Корча, Албанија.

Прилепчанец ги закла 40.000 евра со 100-че

Махерот на колото, неделата, месецот и годината е веќе познат. Доаѓа од Прилеп и докажува дека 20 утакмици не се многу да ги фатиш во кладилница. Сите ги одиграл 1-2 гола во прво. Со здравје да си ги трошиш 2.567.111 денари.

Кога чекаш НБА на плус поени во диско

Од 13:00 си ја фатил Гетафе - Леванте Тим1, од 16:00 Вокинг ти ја дава гол-гол, од 18:00 Фиорентина глатко ја кружиш со Киево, вечерта Монако те поти до 90-та и го чекаш Далас на плус а не мрда.

Сањачот кој го погоди Ел Класико точен резултат

Махерот на колото, всушност не е од ова коло како што може да се забележи. Дечкото, инаку познат на редакцијата тврди дека ја уплатил точен резултат само поради една причина. Ја сањал дека така ќе заврши, ама без заебанции. И си го чува тикетот, со право.

Најголемиот г`злак во кладилница

Колку треба да имаш среќа за да ти погрешат една утакмица на ливче и со таа да фатиш 6.000 евра со 20 денари. Ете има и такви. Ја играл Борусија - Вердер 7+, ама типката на шалтер место таа му ја искуцала Келн - Фрајбург која инаку заврши 3:4. Ваков махер сме немале до сега на сајт.

Махер на сезоната за ваучери

Нашиот најголем малер во низа нѝ испрати 13 тикети од последниве 3 месеци на кои го заебала само една и тоа на 11 од нив паѓал само поради тој еден проклет гол. Пробал да игра за 130.000 денари, ама и за 980 колку да разбие малер, ама нејќе, нејќе и нејќе. Да влезеа сите овие тикети, ќе лапаше 174.176 денари. Му посакуваме да застане со малерозните тикети на оваа малерозна бројка.