По трет пат во историјата репрезентацијата на Хрватска завршува во Топ3 на Светско првенство, откако вечерва со 2-1 го совлада Мароко и го освои третото место на Мундијалот.
Се работи за прес конференција по повод квалификациски меч за СП 2014 меѓу Македонија и Србија. Македонска новинарка, инаку позната на редакцијата, заборава да го стави мобилниот на сајлент и наеднаш под нос на Михајловиќ се слуша песната „Далмацијо моја ружа процвала“. Ниту беше провокација, ниту Синиша тоа го сфати така.
Од Борово, Војводина, преку Црвена Звезда до Серија А во Рома, Сампдорија, Лацио и Интер плус репрезентативец на Југославија, а потоа на Србија и Црна Гора. На Википедија му стојат 99 гола за клуб и 10 за репрезентација, а беше дефанзивец. Од тие 66 му се од слободен удар. За него тоа беше како пенал. Какво легендиште.
За слободни удари му немаше рамен. Тоа беше негова специјалност. Доктор. Кога се местеше да шутира, живиот ѕид крадеше од линијата, а на голманите гаќи им се тресеа. На 13 декември 1998-ма Лацио ја пречекува Сампдорија дома и ја испраќа со пораз од 5:2. Синка им даде три, сите од слободен удар. Нешто невидено и неповторено во фудбалот и после 24 години.
Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар полн со адреналин и изненадувања, каде остана уште големото финале Франција - Аргентина, од Италија пристигна грда вест. Михајловиќ почина на 53 години.
Капитенот на Аргентина во недела ќе ја поведе својата селекција во големото финале на Светско првенство. Лео го игра својот петти Мундијал. Дебитираше во 2006-та и од тогаш до денес, матирал дури 11 голмани на најголемите фудбалски собири.
Налетавме на снимка од финалето на СП Италија 1990, меѓу Германија и Аргентина. Се играше во Рим, а химната на Аргентина едвај се слуша од свирежи. Најверојатно се работи за гнев на домаќините бидејќи беа елиминирани во полуфинале токму од Аргентина. Плус постојат тврдења дека на тој полуфинален меч кој се одигра во Неапол, многу наполитанци навивале за нивната клупска икона и скандирале „Ние не сме Италијанци“. Па сега римјаните возрааќаат. Како и да е, Диего е ифрит лут и наместо да пее, пцуе.
Француската фудбалска репрезенација ќе се обиде да стане трета селекција во историјата која ја одбранила шампионската титула на Светско првенство. Les Bleus се составени од играчи кои потекнуваат или чии родители потекнуваат од други земји. Така е веќе неколку децении поради колонијалното минато и лесната миграциска политика.
Тоа што Мундијалот не е завршен, не значи дека не може да се игра и друг фудбал. Обрнете внимание какво лудо издание пружи легендарниот бразилски бек кој по речиси цела кариера мината во Реал се реши за грчка авантура. Олимпијакос во осминафиналниот Куп натпревар го елиминираше Атромитос со 4:1, а Марсело блесна со два евроголови.
Легендарниот турски фудбалер кој блескаше во дресот на Галатасарај, Интер и турската репрезентација, човек кој стана најдобар стрелец во историјата на турскиот фудбал, веќе неколку години живее во САД во политички егзил. Турските власти имаат распишано потерница по него поради наводна соработка со движењето Хизмет на Фетулах Ѓулен.
Со 22 години, центарфорот на Аргентина и Манчестер Сити, Хулиан Алварез стана светски призната ѕвезда. Алварез имаше фантастични настапи за Ривер од каде се пресели кај Гвардиола. На Светсково игра маестрално и е најзаслужен за триумфот над Хрватска од 3:0 со два негови гола. Се појави видео од него како мал, на 11 години.
Ова некогаш на времето се правеше на стариот добар Запад на „Градски“ во Скопје. Во времиња кога таа трибина крцаше од почеток до крај, имаше навика при гол на „црвено-црните“ да се пуштаат сите кон оградата, како во Јужна Америка. Сега такво нешто практикуваат во Салерно, навивачите на италијанска Салернитана.
До почетокот на Светското првенство, а по бледите настапи во Лига Нации, многу не веруваа во силата на Французите да го повторат подвигот од 2018-та кога развалија до шампионската титула. Сега селекцијата на Дидие Дешам е во ново финале. Втор пат по ред.
Аргентина со 3:0 ја расканта Хрватска во полуфиналето на СП 2022 и се пласираше во големото финале каде ќе се судри со актуелниот првак Франција. Претходно „гаучосите“ ја совладаа и Холандија а и на овој меч гол од пенал даде Меси. Од трибините неговиот најдобар другар и некогашен соиграч Серхио Агуеро немал доволно храброст да го гледа изведувањето.
Ако Јапонците беа пример за тоа како треба да изгледа просторот во кој си славел нешто, француските фудбалери дијаметрално спротивни. Пласманот во големото финале на Светско го прославиле бурно, а не им било гајле ни што тука е претседателот Емануел Макрон.
За Ашраф и Килијан ова не беше баш посакувано полуфинале. Тие се неразделни клупски другари кои функционираат перфектно во ПСЖ и кои се навикнати заедно да победуваат. Плус врсници се, Мароканецот е постар само месец и пол. Едниот мораше да го теши другиот, а на крај си ги разманија дресовите.
Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.
Актуелниот светски првак од 2018-та, Франција го совлада најголемото изненадување на Мундијалот 2022, Мароко со 2:0 и оди на мегдан со Аргентина во големото финале за светска титула.