Фудбал

Како изгледа кога ќе примиш гол уште не седнат на место

Синот на легендарниот шведски напаѓач од Селтик Хенрик Ларсон, Џордан Ларсон по искуството во Спартак Москва сега игра во дански Копенхаген. Синоќа во Прага на мечот со Спарта во реванш од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони Џордан постигна гол после само 14 секунди игра. Ова е трет најбрз гол во историјата на Лига на шампиони. На крај мечот стигна до пенали по дури три гола во продолженијата.

Нема што и да и прави голманот на оваа, Икарди му ја закова

По триумфот во Љубљана од 0:3, Галатасарај ја доби Олимпија и на реваншот од квалификациите во ЛШ. Мечот го реши Мауро Икарди, човекот кој летово и официјалниот стана член на турскиот гигант, откако лани имаше фантастична сезона како позајмен играч од ПСЖ. 26 меча - 23 гола.

Ги видовте ли лудите завршници во Прага и Марсеј?

Она што синоќа се случуваше на стадионите на Олимпик Марсеј и Спарта Прага е дефинитивно показател колку фудбалот може да биде ролеркостер.

А сте виделе ли автогол со глава од пенал?

Најнеобичната завршница од белата точка и тоа на меч кој се решаваше на пенали се случи во Колумбија. Фудбалот едноставно не памети вакво нешто.

Нов меч, нов мајсторлук на Меси, овој пат од 30 метри

Нема застој за Интер Мајами откако го имаат фудбалскиот феномен кој влезе во голтетерска низа од шеста меча. Новата жртва се вика Филаделфија.

Динамо поведе со еврогол на млад талент, Максимир беше во транс па оладен

Динамо Загреб и АЕК вечерва го играат првиот меч од 3. квалификациско коло за ЛШ. По нередите во Атина каде натпреварот се одложи, вечерва хрватскиот шампион пред полни трибини на „Максимир“ на полувреме води со прекрасниот гол од слободен удар на 21-годишниот Марко Булат. Стефан Ристовски командува во одбраната на „модрите“ како централен дефанзивец.

Ако сакате да изненадите од слободен удар, не крадете идеи од Порто

И Португалците ја стартуваа сезоната. Бранителот на титулата Порто тргна со гостинска победа од 1:2 над Мореиренсе. Ама изгледа не се уште укомпонирани како што треба. 

За навиките на брат му на Мегваер

Тројца браќа се, Хари, Џо и Лоренс. За првиот денеска нема добри вести за навивачите на Јунајтед. Вест Хем се откажал од трансферот. Џо игра во најниските дивизии, а Лоренс во петтолигашот Честерфилд, исто така како дефанзивец. Ќе ве воодушеви со статистиката.

Уште приватен стриптиз бар фали во понудата на Арапите за Нејмар

Реномираниот Лекип објави детали од тоа што Ал Хилал го спремил како договор за бразилската ѕвезда. Е ја претераа.

Да видиме како работи Брајтон - најголемиот еснаф во Европа

Она што англискиот премиерлигаш Брајтон го прави во последните неколку сезони е за изучување на економски факултети и академии. Во последно време подобро заработуваат дури и од Бенфика и Порто.

Необичен гест на арапски новинар на средба со Фабињо

Поранешниот член на Ливерпул кој го засили Ал Итихад заедно со Бензема и Канте, за добар перформанс место барање за интервју, од новинар доби подарок часовник. Се испобуни во моментот и му падна.

Фудбалот дефинитивно отиде јабана

Кога после астрономските трансфери на Нејмар, Мбапе, Енцо Фернандез, Кутињо и Феликс фудбалскиот свет мислеше дека е стигнато до плафон и дека балонот ќе издишува, Челси плаќа 133 милиони евра со бонуси (!?) за младиот Еквадорец од Брајтон, Моизес Каиседо. Сто триесет и три милиони евра!

Ова ако не е пенал од Онана, ВАР може да го спакуваат

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед едвај го совладаа Вулверхемптон со 1-0 со гол во 76' минута на стоперот Рафаел Варан. Гостите имаа многу шанси но новиот голман на Јунајтед Андре Онана во неколку наврати одлично бранеше. Освен во судиското продолжение кога направи пенал над високиот Саша Калајџиќ, но судијата Сајмон Хупер откако гледаше ВАР снимка, реши дека нема пенал.

Депај испука страшен проектил од 30 метри

Со головите на Мората, Депај и Љоренте, Атлетико Мадрид убедливо ја стартуваше новата сезона против Гранада која ја совлада со 3:1. Даваме посебен акцент на бомбата на холандскиот напаѓач кој ги засили тимот на Симеоне на почетокот на оваа година.

50 години потоа: Како се случил трансферот на Јохан Кројф во Барселона?

Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.

Лаутаро Мартинез искусно одглуми пенал

На пријателска, како апсолутни фаворити против албанскиот клуб Егнатиа. Плус светски првак стана неодамна. На крај Интер победи 4:2.

Каде е и што прави летово селекторот Милевски?

Не се воопшто добри вестите во последно време поврзани со македонската фудбалска репрезентација. Пред два месеци загубивме дома од Украина по водство од 2:0, потоа следуваше највисокиот пораз во историјата, 7:0 од Англија, а на неполн месец пред дуелот со Италија, капитенот крена рачна.

Зошто е добро да го имаш столбот Ким во одбрана?

Наполи на Фенербахче му плати 18 милиони евра и целосно ја пополни дупката со продажбата на Кулибали. Никој не можеше да го замени цела сезона и беше најважната дефанзивна алка на Наполитанците во шампионската година. Баерн извади 58 милиони. Погледнете како упорниот Кореец спаси чист гол во финалето од Супер Купот против Лајпциг.

Дебитантски гол за Ајакс каков што немале ни Ван Бастен ни Бергкамп

Дваесет и четири годишниот хрватски стопер Јаков Медиќ буквално до пред неколку дена не бил познат ниту во хрватската јавност. Од германскиот второлигаш Сент Паули за три милиони евра прејде во Ајакс пред неколку дена и на дебито за славниот тим постигна чудесен гол.

Како тоа јас дадов два гола, а не сум МВП?

Пусти Кристијано сака сите голови и награди да бидат негови. Постигна два во финалето на Африканскиот Куп на шампиони против Ал Хилал и со тоа го освои првиот трофеј откако е дојден во Ал Наср, а на крајот бараше објаснување зошто не е прогласен за најдобар на мечот. Признанието отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Стефан Ристовски се повлече од репрезентација: „Не стојам добро со селекторот“

Најискусниот репрезентативец и капитен на Македонија, десниот бек и стопер Стефан Ристовски кој веќе неколку сезони игра во Динамо Загреб, неочекувано најави дека се повлекува од репрезентацијата.

Миовски ги запали моторите, погоди против шампионот Селтик

Бојан Миовски се врати на старите навики во шкотскиот фудбалски шампионат и даде гол за Абердин уште во второто коло од новата сезона. Мета му беше големиот Селтик против кој го израмни резултат во 25-та минута. Актуешниот првак на Шкотска сепак на крајот славеше со 1:3.