
27 годишниот Бернардески не се реши да одмори и да го намали адреналинот, туку само го продолжи славењето по освојувањето на европската титула, овој пат со прстен на рака.
Ѕвездата на Јувентус се ожени во градот Карара во регионот Тоскана и предизвика уште еден нов делириум после оној во неделата ноќта.
По Берарди и Бонучи, тој беше трет и последен прецизен играч на Италија од белата точка која ја совлада Англија со 3:2.
За жена ја зема 9 години постарата Вероника Чарди која стана славна со учеството на Големиот брат, а потоа почна да работи како водителка. Имаат и две годишна ќерка.