По победата од 1:2 во Берлин, Фортуна Дизелдорф одигра 2:2 со Херта што беше доволно за влез во Бундеслигата.
Натпреварот траеше два и пол часа откако најпрво заради пиротехника на теренот во 61-та минута, натпреварот беше прекинат на седум минити, а во судиското продолжение се случи уште еден прекин кој траеше половина час.
Во 96-та минута навивачите на Фортуна помислија дека судијата Штарк означи крај на натпреварот и влегоа на теренот. Откако по половина час ситуацијата се смири, фудбалерите се вратија на теренот и конечно се доиграа последните две минути од натпреварот.
Панкерски фудбалски клуб
Фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдорф е оформен во 1895-та година, а во првата германска лига се натпреварува од 1913-та година. Шампионот на Германија од 1933-та година, по оформувањето на германската Бундеслига во 1963-та години, бил член на елитата 22 сезони, а последен пат во 1997-та.
Фортуна Дизелдорф е омилен клуб на најпознатиот германски панк рок бенд Die Toten Hosen и тие се најзаслужни за опстанувањето на овој клуб. Во 1989-та година тие одвојуваа по една марка од секој продаден билет од нивната турнеја и со 150.000 германски марки купија фудбалер.
Во 2001-та години Фортуна Дизелдорф беше на работ на пропаст и малку фалеше овој клуб да испадне во 5-та лига, но откако два други клуба не ја добија лиценцата, тие останаа во 4-та лига. Тогаш на сцена повторно стапија членовите на бендот Die Toten Hosen кои беа главни спонзори на клубот до 2003-та година.
Од 2009-та години Фортуна се натпреварува во втората Бундеслига и конечно по 15 години клубот од Дизелдорф избори пласман во германската елита.
Со враќањето на Фортуна во германската Бундеслига, капитенот Андреас Ламберц стана првиот фудбалер во историјата на германскиот фудбал кој со ист клуб изборил пласман од четвртата во првата лига.