Сега во Катар, во 1/4 финалето Аргентина имаше 2-0 водство со Холандија, имаше сè на своја воденица, поддршка од илјадници свои навивачи, доминација, но Холанѓаните израмнија 2-2 во последните секунди од мечот.
Дуелот изобилуваше со огромна тензија, набој и нервоза кои не го одминаа ниту кроткиот и мирен Лео Меси, револтиран од некои безобразни фаули на Холанѓаните но и од надобудните изјави на нивниот селектор Ван Гал и некои сегашни и поранешни фудбалери кои ги омаловажуваа „гаучосите“.
На пенали Холанѓаните се однесувале крајно непрофесионално:
Откако на пенали победија, Аргентинците вербално ги напаѓаа ривалите. Меси додека даваше интервју во микс-зона, му се сипал на стрелецот на двата гола за Холандија, корпулентниот Вут Вегхорст.
„Отидов да му подадам рака после мечот. Не ми ја прифати и ми кажа нешто грдо, иако не разбирам добро шпански јазик. Многу сум разочаран“, изјави Вегхорст.
Меси лут му дофрлал: „Што гледаш, глупчо? Што гледаш? Ајде бегај, глупчо, бегај!“
Lionel Messi to Wout Weghorst after the match: “What are you looking at, dumby? Go back there, dumby. Get back there, yes!” 😨pic.twitter.com/LaJlIgpaRy
— SPORTbible (@sportbible) December 10, 2022