
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед на светската мапа ги пополнил сите стадиони на кои настапил и пресметал дека бил во вкупно 36 земји на 5 континенти од кои му фали само Австралија.
Мата два пати до сега има дојдено во Скопје со селекцијата на Шпанија. Првиот пат на пријателскиот дуел Македонија - Шпанија 2:3 кој се одигра на 12 агуст 2009-та, но тогаш не влезе во игра.
Потоа на квалификациите за ЕП 2016 кога на 8 септември минатата година го постигна единствениот гол на мечот. Денис Беркгамп на пример сигурно волку го немаше шетано светот, бидејќи имаше фобија од летање и не патуваше со Арсенал на подалечни дестинации.
Клик тука за да ги видите сите стадиони на мапата на Мата.