Идејата потекнува од 37 годишниот Андреј кој сега е премногу слаб за да има право на учество. Тој посетувал разни програми за слабеење, но се уморил од тоа и сега нуди нешто ново.
Во фудбалската лига која ќе трае 14 недели може да учествуваат луѓе само со индекс на телесна маса 30 (нормалната вредност на индексот се движи од 18 до 25). Идејата е да ги охрабри да ослабат и тоа без да плаќаат за учество. Бодовите нема да се делат само за победа, туку и за губење на килограми.
„Бев шокиран од тоа колку малку поддршка е потребна за губење на тежината. Се сеќавам дека одев на програми и само јас бев таму машко. Ми беше многу срам. За да ослабете не треба да се кандидирате за на маратон, тоа е погрешен пат, туку треба да го промените начинот на кој јадете и да го промените вашиот став за животниот стил“, вели Андреј.
32 годишниот Џеј Али кој работи како банкарски менаџер објаснува зошто лигата се покажала толку популарна кај луѓето кои се борат со нивната тежина.
„Не сакав да играм фудбал со пријателите кои се послаби од мене и ова ми дава шанса да играм со момци кои се исти како мене. Никој не ти суди. Идејата е брилијантна и ги надмина моите очекувања. Не е важно дали имаш тело како Кристијано Роналдо или големина XXXL“, вели Али.