Микронезија стана светска вест во фудбалот откако на Пацифичките игри во Папуа Нова Гвинеја прво загуби 30:0 од Тахити, а потоа прими 38 голови од Фиџи и уште 38 од Вануату.
Медиумите ја ругаа дека тоа е најслабата фудбалска репрезентација во светот која руши рекорди со најголеми порази, а нивниот тренер Пол Ватсон бара помош и се надева дека нивната лоша реклама може да придонесе нивните барања некако да допрат до ФИФА.
Ватсон напиша писмо до ФИФА и Фудбалската федерација на Азија и со помош на петиција се надева дека ќе добие поддршка за влез во меѓународните фудбалски организации.
„Фактот дека Микронезија беше во можност да се натпреварува е резултат на напорната пет годишна работа од неплатени фудбалски љубители чии резултати покажуваат очајна потреба од финансиски развој во регионот.
Речиси и да нема обучени тренери, нема доволна опрема и нема затворени објекти во земјата со една од највлажните клими во светот. Со помалку од 20.000 долари Микронезија од полу редовно учество, успеа да стане редовен учесник на натпревари. Замислете што ми можела да направи со соодветна помош за развој...
Микронезија се обидува да обезбеди членство во Азиската фудбалска федерација или во Океанија, но четири години тоа го прави без успех. Секогаш добива одговор дека им недостасува некој услов за да влезат во меѓународна конкуренција.
Тие играат за љубов кон фудбалската игра и со нивниот труд идните генерации ќе можат да уживаат во привилегии кои тие сега ги немаат.
Микронезија е една од шесте независни и суверени земји во светот која не е членка на ниту една конфедерација на ФИФА (не вклучувајќи ги Монако, Ватикан и Велика Британија). Тоа што не се во можност да пристапат во развој е ограничување на огромниот потенцијал во регион каде нивото е на високо ниво, но има недостаток на спортски можности за младите луѓе.
Ова е крстосница за фудбалот во Микронезија. Луѓето може да се откажат, погодени од понижувањето на медиумите или тие може да им помогнат за да станат посилни.
Ова е шанса за ФИФА да покаже колку добрина може да направи. Успеа во Гуам и во Американска Самоа. Сега е на потег Микронезија“, стои во писмото на тренерот.
Федералните држави на Микронезија е самостојна земја 29 години и се состои од 607 мали острови распрскани на големина колку пет Франции, кои заедно зафаќаат површина малку повеќе од Скопје.
Се наоѓаат на околу 3.000 километри северно од Австралија и имаат околу 100.000 жители. Покрај локалните дијалекти, основен јазик кој го зборуваат е англискиот.
За да се потпишете на петицијата Микронезија да ја примат во ФИФА кликнете тука.