Зезалици

Квалификации за избори

Конфликтните лумпен партиски протести и супер достапните социјални мрежи се идеални методи со помош на кои баграта (= глупи, ограничени, гневни, нетолерантни, лоши луѓе) ги доживува своите ѕвездени мигови, станува видлива и нè потсетува дека и тие живеат меѓу нас, на што обично забораваме во "мирнодопски" времиња, кога живееме главно во своите животни референтни системи. Од друга страна, изборите се паметно смислен вентил за испуштање на насобраниот политички притисок, сè додека не ви текне дека сите оние кои ве ужаснале со својот простотилук, ќе имаат глас како и вие. Да потсетиме на едно недемократско но фер решение на Рамбо Амадеус.    

Твитер календар 2013

12 убави, паметни, згодни, писмени, одважни, шармантни и милина од девојки од Твитер се фотографираа за хуманитарни цели. Дванаесет календарски противотрови за годината во која нема да пропаднеме ама не дека нема да се чувствуваме така.  

Ајмо графикони народе!

Доаѓа време кога партиите и нивните медиумски оркестри ќе почнат да нè маваат со статистики и графикони, толку различни што човек веќе нема да знае кој лаже, а кој лаже повеќе. Еден читател нè потсети како од  исти бројки од Заводот за статистика можат да се добијат сосема различни претстави.

 

Немој да бидете плачковци

Следниот пат кога ќе ѕемнете и ќе припаѓате што колегата отворил прозор да се излуфтира, нека ви текне дека Кејт Аптон издржува на Антарктик во бикини.

Упатство за преживување за мажи

Во зависност од тоа како се "хормонално расположени" вашите партнерки (ја девојка, ја сопруга) има четири генерални пристапи кои можете да ги искористите за комуникација со нив. Сепак ќе треба сами да процените по кој пат ќе тргнете.

Извештај ЗА Европската комисија во 2012-та

Кога овде ќе се спомне Европската Комисија на ЕУ, по правило ни се тресат гаќи од неизвесност што мислат за нас и каква оценка ќе ни дадат. Ај сега малку обратно, тие да бидат на тапет кај нас. Додека Бранко и ним не им го скинал буџетот за рекламирање.

Премостување на проблемите

Еден од најголемите ужаси што еден маж може сам на себе да си го приреди. Кога почнува да ја губи косата, па не може да се помири со тоа, па почнува да ја прави онаа "нека левото уво види што прави десното" фризура. Како бе се гледаат такви во огледало и си викаат: Добро е?

Журка ко журка

Класична божиќна забава, по дома. Луѓе дошле, кој каде нашол место таму застанал, некој сликал и тоа е тоа. Сè додека не почнете да препознавате фаци присутни на забавата. Не е она Бред Пит? Роналдо, Мишел Обама, Семјуел Џексон, Конан, Роберт Дауни....? Каде е бре ова? Во куќа некоја де.

Дрво на денот

Како ни работат асоцијациите, после ваков наслов мора да се нагласи дека не се работи за избор од богатата понуда на македонската фудбалска репрезентација. Вакво дрво ни таму нема да најдете.

Ти ебам сè

По масакрот во основното училиште во Конектикат во кој имаше најмалку 27 мртви, од кои 20 беа мали деца, нашите извори низ целата земја одмавнувајќи со главата, задушувајќи го плачот во своите гласови, пренесоа - кој му ебе матер на сè. Сè нека оди во мајчину.

За сите мажи кои работат до доцна

Е да, такво време дојде, мора да се р'мба прекувремено за да се преживее. Добро е ако кога ќе се вратиш дома, те чека вечера, децата воспитани и спастрени, жената внимателна, ако треба и ќе те измасира. Да, ама после жената (ма не вашата, нормално!) ќе се јави во радио.

Да запалиме по една надвор?

Бидејќи Владата не изгледа дека ќе попушти околу забраната за пушење (што не им смета со милиони да го помагаат материјалот за пушење) а кафанџиите се главно шконтари околу купување греачи, печурки и други извори на топлина (они се навикнати некој друг да им го спонзорира материјалот за дуќанот, тендиче/фрижидерче), останува  да се потпреме на вакви, лоу фај помагала. З'гнете тоа бабите и нека плетат.

Фала Европо

По повод последното недобивање датум за преговори со ЕУ, еден мк дизајнер направил прилично фин плакат, со минималистичка културна порака. Ако ви се види згодно, шерувајте наоколу.

Инстинктите не лажат

Добро, ние сме шовинисти полни со предрасуди на тема, жените се трупови за возење. Животните не се такви, нели? Еве, едно куче нека пресуди кој е подобар возач.

Kentucky fried people

Едо Маајка пееше: "Amerika nije rad i znoj, Stulicu lag'o si, jeboli te onaj stih tvoj". Со темната страна на американскиот сон се занимава фотографот Шелби Ли Адамс покажувајќи ни ги луѓето од најсиромашниот дел на Кентаки. Денешни се сликите, ако изгледаат кaко ликови излезени од филмот "The Others".

Дефиниција за половичен успех

Во школо, тоа е кога ќе добиеш тројка. Во фудбал е кога ќе издејствуваш нерешено. Во затвор е ова.

Потег на денот

Бил О Рајли е апсолутно највлијателниот американски тв водител. Тоа што нам не ни се по ќеиф огромен дел од неговитге ставови, не значи дека типот не знае да биде кул. Оној јадник Трамп, баталете го. Рајли е пред него.

Ја имаме!

Еве ја Епизодата! Карл Пилкингтон во Македонија! Спие со чергари, оди кај дервишите, пробува да полета со балони, не знае како би продал куќа со подрум полн ковчези... После Свети Павле, ваков човек не ни дошол на гости. Цела македонска епизода, со преводи, бујрум.