Зезалици

Жена ќе те зезне, па макар бил и Павле Вујисиќ

Павле Вујисиќ има напишано еден брилијантен тестамент во кој сè што има ѝ остава на својата сопруга на која ѝ дава прецизни упатства околу погребот. Таа најдобро знаела колку инает бил нејзиниот Павле. Но, решила да му покаже дека не е единствениот.

Колку ти чини Кољо авионот од Инстаграм?

Бидејќи Инстаграм е совршен за покажување статус и богатство што генерално го немаш, руска компанија нуди фотосесии со приватен авион за сите што сакаат да покажат луксуз на својот Инстаграм профил. Авионот не мрда и нема да долета до кај тебе, туку ти треба да одиш кај него. Услугата е 244 долари за сесија од 2 часа со вклучен фотограф (или 191 долар без фотограф).

Што готвеше Реџепи во Мексико

Да не седи бадијала додека му се реновира НОМА во Копенхаген, Рене Реџепи реши со својата екипа до отиде на еден месец во Мексико. Се врати со 4,2 милиони долари.

За моите пријателки што зборуваат само за децата

Така ли ќе тераме до пензија? Додека вашите деца не добијат деца, па после ќе преминеме на внуците? Е нема, фала.

Како да ги препознаете глупите луѓе?

Лекција од Фројд која секој би требало да ја научи. А не е тешка, една реченица е.

Баба што црта

Има 90 години, живее во чешкото село Лоука и шара по фасади на куќи низ селото. Тема не и се безмозочно лошите копии на Лејла и мандарините, туку цветови на свежо варосани ѕидови. И ова што го прави изгледа како разгледница.

Масакрот во Лас Вегас на насловните на американските весници

Убиени 59 луѓе, ранети и повредени речиси 530. Сите, жртви на 64-годишен Американец со автоматско оружје (17 парчиња), хотелска соба на 32-ри спрат и за сега без јасен мотив - зошто? Вака изгледаа дел од денешните американски весници.

Машкиот пекол наречен настинка

Ако некогаш како грипосан маж си ја читал „Денови“ добиваш откровение дека таа нема врска со социјална правда и слично, туку дека Рацин пишува за маж во најтешките моменти од неговиот живот - мртов настинат и со душманска температура од 37,6. Ама едно пола популација на планетава не верува на маките што ги тргаме во тие мигови.

Како малите сипаници инкубираа на македонскиот дел од Фејсбукот

Ако немате чуено, да ве информираме дека изминатата недела во Скопје изби епидемија на морбили (мали сипаници). Значи: во 2017, во Скопје има епидемија, на таа, ни нова, ни незапирлива болест - сипаници. Како се случи тоа? Игнорантни родители заглавени во неодговорни и повеќекратно побиени теории на заговор за штетноста на вакцинирањето. Како сите овие години инкубираше оваа епидемија пред да избие, ќе видите низ дел од коментарите што сето ова време ги добиваме на текстовите кои ги објавуваме на тема вакцинација и глупавоста на нејзиното избегнување.

Дечкото што можеше да биде филмска ѕвезда

1998 е премиерата на филмот „Рани“ кој успева директно да се вбризга во сржта на тукашната поп-култура и (пиратски) филмски колекции. Заедно со него доаѓаат и ликовите на Пинки и Шваба. Неполни 2 години подоцна Пинки, роден како Душан Пекиќ, загинува. Мајката на Душан дури годинава смогна сили да ја прочита обдукцијата на својот син.

Деца на свадба, и зошто не

Ни тие нејќат да бидат таму, ни вие не сакате тие да бидат таму, а сепак таму се.

Ермес сака да ви продаде камен

Што ќе ми е камен? Се става над документи за да не ти се разлетаат. Буквално само камен? Не, и затоа е без "буквално" во наслов, има и кожно каивче на него. Кај им текнуваат вакви работи? Дел од "да не оди фира" програмата на Ермес, во која се искористуваат остатоците од производството на најразлични нивни продукти. И пошто е каменот со рециклирано каивче? Буквално 840 долари.

Лајфхакс за ѓубриња

Совети за најлошите меѓу нас и за нас во најлошото издание. Без разлика што мислите за луѓето што го прават ова, мора да се признае дека советиве личат ко стварно да функционираат.

Флорида не се дава

A најдобар начин да не се даваш е да се забеваш.

Сакаме чинии!

Како што расте меракот и филозофијата на рестораните да се глупираат со твојата храна и како ти ја сервираат, така почна да се развива и шири едно меѓународно движење на луѓе кои не можат да ги поднесат неразумните нови трендови во сервирањето храна. Се вика "Сакаме чинии" и има две многу едноставни барања - храна во чинии, пијалок во чаши, и толку.

Советската вселенска програма на кутии кибрит

Станува збор за многу пообемна колекција дизајни на кутивчиња кибрит од Источниот блок од 50-те и 60-те години од минатиот век. Ние се фативме за вселенскиот дел од оваа колекција.

Колекција непријатност

Катерина Кампрани е Гркинка чија единствена цел во животот е да те извади од кожа од нервоза и сето тоа успешно го прави под закрила на уметност. Треба да си посебен тип на нечовек за да ти дојде да составиш вакви накази што ти го унепријатуваат раатот.

Инспирација за вас прекрасни мргуди

Не е лесно да не можеш да го поднесеш светот, ама некој мора и тоа да го прави. И не се жалиме.

Фотографот по кутијата од Мекдоналдс се познава?

Како пакет, ова е една многу инспиративна показна вежба во која познат француски фотограф научен да работи со опрема од десетици илјади долари покажува какви велелепни фотки може да извади користејќи само Ајфон, кутија од Биг-мек и рачна лампа. И пред да извршите церемонијално лупање на вашата опрема од ѕид, треба да знаете дека има една цака: откако ќе ја искористи комбинацијата Ајфон, картонска кутија и рачна лампа, работата е довршена со комбинацијата ВСЦО, Фотошоп и Лајтрум (сите три на мобилен).

Гратис психологија од продавач на кондури

Дечково не е Ал Банди ама ќе промрчи. Работи како продавач и без прозборен збор знае сè за тебе, и тоа со инсајдерски детални податоци. само врз основа на чевлите што ќе му ги донесеш на каса. Сличностите не се случајни.

Непобарана лекција по читки Ексел табели

Само олабави и само бело. Да, ќе се чита. Не, нема да те буни. Да, ќе им биде јасна на сите. Не, не изгледа ко да немаш тонер во принтерот.

Фото-бомба на денот

Фото-бомба се вика кога неповикан ќе се испрчиш на нечија слика. Оваа е „на денот“ бидејќи натрапникот не е меѓу двајца луѓе туку меѓу две небесни тела.

Тајната за добивање на лото

Ноќеска во САД се падна вториот по големина џек-пот во историјата на тамошните лотарии во износ од 760 милиони долари. Одма треба да се каже дека човеков не е добитникот на премијата, ама има разработено систем со кој нема изгубено пари. Неговиот совет во основа е: секој пат кога сакаш да играш лото, инвестирај ги парите на берза.

Мајка ти, перење алишта и вовед во политичка терминологија

Разните видови политичко уредување и поврзана терминологија сведени на проблемот со твоите валкани алишта и мајка ти како одговорна за нив.