Зезалици

Кога мемињата ќе остарат

Најдражесто околу ликовите со интернет меме слава е што тие се едни од ретките случаи кога „славата“ не е лажирана или собрана на сила, туку е резултат на вистински автохтон интерес од публиката. Ретко кој го памети оригиналот или кога прв пат го видел мемето со некој од овие ликови, а уште поретко некој помислува дека меме-ликовите стареат.

Библиотека на денот

На страна регуларната работа што ја тера, Библиотека Куманово на интернет почна да објавува комплетни скенирани броеви од „Наш весник“. Името речиси сигурно не ви е познато претежно затоа што тоа е весник кој излегува исклучиво во Куманово и околијата, и тоа во децениите по Втората светска. Без разлика што не ви е познат, до сега скенираните и дигитализирани броеви од весникот се спектакуларно занимиливи како од содржински, така и од графички и дизајнерски аспект, и како времеплов во секојдневие и проблеми од пред неколку децении.

Стрипови со пресврт

Опсегот на стриповиве се движи од цинични до апсурдни и мрачни, дело се на Рајан Хадсон кој ги црта веќе една деценија, и ако има нешто што е приближно налик нив тоа би бил Саут парк.

Нееднаквоста од високо

Серија снимки на фотографот Џони Милер од високо, без луѓе, без лични приказни, само воздушни фотографии на нееднаквост низ светот. Колекција која успева да е тажна и без да ставиш каков било лик на нејзе.

Не ти е грд одморот, само не знаеш да правиш добри фотки

Во твоја одбрана човекот што ги прави фотографииве веќе е „наградуван за работа со природна светлина.“ Неговата главна поента е исто така прилично разочарувачка (за почетници): не е важно кај си, важно е колку се разбираш.

Грди ви се форите

Трамп во Лондон меѓудругото беше дочекан и со балон „бебе Трамп“, кој освен што беше разочарување во однос на ветената големина и тоа како изгледа во реалност, како што ќе напише имамот Тавиди, и не зборува многу за луѓето што го „летаа“ балонот.

Некогаш се тркалаа Стоунси, денес се тркалаат лимони

Кога на Мике Сакасегева животот му дал лимон, наместо да си направи лимонада тој направил видео од тоа како лимонот се тркала покрај ивичник од тротоар. Класичен вирален импулс: почнуваш да го гледаш клипот од што не веруваш дека тој се сведува на нешто толку глупо а по некое време почнуваш да навиваш за лимонот и се прашуваш до каде ли ќе стигне. И така, видеоото од лимонот кој се тркала, во втората деценија од 21-от век,  за кратко време го одгледаa преку 2 милиона луѓе.

Човек на денот

Мае Буа Чаичеун е одгледувач на ориз од Тајланд. Не е некој голем земјопоседник туку има оризови полиња доволно колку „да се пројде,“ кои се наоѓаат во близина на пештерата во која беа заглавени децата. Таа исто таа е една од локалните жени што од почетокот на операцијата за спасување се пријавува како волонтерка и работи како готвач во кампот.

Диор инспириран од Романија

Минатата година Диор вади колекција на луксузни палта, елеци и капути, кои освен што им изгледаат ултра-скапо на сите (со примероци кои имаат цена и до 30.000 евра), на некои им изгледаат и крајно познати, посебно на жителите на Бихор, северозападен регион во Романија. Не дека Бихорјани се сериозни следбеници на haute-couture, ама се прилично детално запознаени со својата носија. Излезе дека во случајот со последната колекција на Диор тоа му доаѓа исто.

Секогаш е подобро да си партизан. Секогаш.

И кога народот ти станува дел од големото европско семејство. И кога државата престанува да биде монета за поткусурување на големите сили. И кога престануваат грижите за нови војни а народот почнува да се посветува на својата и општата благосостојба, со поддршка на обединета Европа. Секогаш.

Човештвото меѓу Елизабета Втора и вечноста

Во истиот ден кога беше објавено дека британската кралица била нешто настината, по што следуваше откажување на нејзиното присуство на церемонија во катедралата Св. Павле, министрите на британската влада „се собраа на пробна вежба без преседан“ за тоа што треба да прават во случај на нејзина смрт. Елизабета Втора е родена 1926, а станува кралица во 1952-ра. Во овие речиси сто години од нејзиното раѓање, само Британија има сменето околу 20 премиери.

Добродојде за Тесла од Форд

Викендов Елон Маск објави дека не само што ја постигнале посакуваната стапка на производство, 5.000 автомобили неделно, туку и ја надминале и сега се до 7.000 возила, отприлика по 1.000 на ден. Чудењето на Форд што тоа околу ова достигнување е неверојатно и уште колку има Тесла за по производство им да се приближи големите автопроизводители, е сумирано во твит на еден од неговите директори.

Компилација „Свецко 2018“

Првата половина од секое Светско е чист мерак за гледање затоа што во игра се секакви скриени таленти кои редовно успеваат да освојат симпатии на публика, која ќе ги збори барем до следното Светско (и на пример да видиш дека и ти од тука можеш да навиваш и да се возбудиш за Иран како да си израснат на улица во Техеран). Дел од општо народниот сеир собран од натпреварите по групи.

Истанбул под тепих

Деновиве во временската прогноза за Истанбул беа најавени бура и град. Како излезе прогнозата, така низ градот започна масовното покривање автомобили со теписи, картони и се што ќе се најде. Луѓето се уште се под паника од невремето што ги снајде минатата година.

Животот пишува стики ноутс

Освен што имаш вишок канцелариски материјали ти се наоѓа и вишок талент и снајперски прецизно уденување на животни проблеми и сутиации. Како резултат го добиваш талентов.Чарлс Хатон а.к.а инстачаз.

Ким Јонг Ун се понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу САД и Канада

Зборувајќи со новинарите во неговиот хотел во Сингапур, севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун изјави дека зголемените тензии меѓу северноамериканските соседи претставуваат „неподнослива закана за светскиот мир.“

Потонавме на ниво на својата земја

Ние, младоста на мојата земја, живеевме од Бесмислата. Тоа беше нашиот леб насушен. На работ на Европа, презрени и занемарени од целиот свет, сакавме да привлечеме внимание. За таа цел едни се служеа со пиштоли, други ширеа најлоши бесмислици.

Соколе, измиј го

Збирка прашања во врска со сексот кои екс-југословенски тинејџери ги поставувале во некогаш популарните списанија од типот на ОК, Браво и слични. Чекајте го она со шишињата.

Тетовско љубовно писмо

Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќе па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај.

Торта? Торта!

Иако вкусот ни е стандардно предодреден од мотото „во свет на Кејк босови ти биди домашна торта“, девојкава ги заслужува сите пофалби за ремек-делата што ги прави. Се вика Елена Гнут и за жал испорачува само во Калининград.

Колку малку ни треба да бидеме без памет

Човек сака да следи правила и инструкции. Особено ако му се јасно напишани. И ако помисли дека така ќе открие некоја вистина за себе. Вака изгледа тоа.

Еј Словени, уште сте живи?

Не само што се живи и здрави туку се и обединети. Обединети се на интернет кадешто се кара секој со секого. Кроки профили на овие ликови, исцртани од бескрајните расправи по форумите и социјалните мрежи.

Аргументи против работата

Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги мразиме, за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот.