Зезалици

Нема технологија што со мрза нема да ја поразиме

Имате колку сакате минути да размислите за што би можел да послужи маус ставен врз рачен часовник. Еве и ќе ви помогнеме, главна намена му е да го прелажеш шефот/клиентот, вие комплетирајте ја сликата како.

Како Политикин забавник го декодираше панк-рокот

Во Југославија постоеше еден бесценет магазин „Џубокс“ со текстови за музика на кои ни денешни писанија не им се до колена (Драган Кремер, Саша Стојановиќ, Перо Луковиќ....). Ама постоеја и медиуми кои беа на друг начин бесценети но кои им се обраќаа на оние кои, во музичка смисла, се бааги „назад со материјалот“.

Животниот циклус на бирократијата

Секој пат кога ќе слушнете дека се отвора некоја нова агенција или инспекторат, или ќе се присетите на некој од 1.240 државни органи кои добиваат пари од буџетот, нека ви дојде инфографиков пред очи.

Игор Мандиќ за разликата меѓу пијанството и пијаноста

Слушнете ги умните зборови на хедонистичкиот витез на хрватската книжевна, есеистичка и критичарска сцена, барокно раскошниот лик Игор Мандиќ кој не само што не се срами од своите хектолитри како Абдулах Сидран туку и бонвивански ја одбира пијаноста во однос на трезноста. Не е тоа барање утеха, тоа е надзадоволство, нијансира бардот.

Причина број 1 за станување предавник

Од книгата на еден вистински оперативец на ЦИА, ви го пренесуваме делот: „Една од најчестите причини поради која луѓе се согласуваат да ги продаваат тајните на својата држава на САД.“

Заминување: Милош Васиќ (1947-2021)

Човек, новинар, интелектуалец и господин во мрачни времиња. Надвор од интересните котерии, од маста и власта, од паразитските а лукративни синекури, новинарски аргат, „закрпен, но чист“, како што тој сакаше да каже, и во таа метафора е собрано сè што требаше да стане човечка, морална и цивилизациска разлика меѓу човечноста и фукарлукот.

Краток водич за избегнување данок со уметност

Колку што е водичот критика за законите за плаќање данок, отприлика толку е критика и за уметноста и што тоа точно вреди во неа.

Пред 5Г друг беше душманот

Насловната на „Judge“ магазин од 26 октомври 1889, времето кога во САД почнува да се воведува електрична енергија, која алармира за ѓаволштините на струјата и посебно уличните бандери.

Марина Туцаковиќ: Поетеса на скршената женскост

Да, секоја поштена феминистка си повраќа во уста од стихот „ја би опет била тепих по коме ти газиш“, но ако е чесна кон себе, а не само кон феминизмот, знае дека барем еднаш била така, патолошки, заљубена. Невкусно? Можеби, но искрено.

Колку работни часови ти се потребни за да купиш Ајфон 13

Имаме една светска листа просеци за тоа кој колку часови треба да работи за да го поседува најновиот Ајфон. Нас нè нема на листата, ама ако сакате да се разочарате ќе може сами да си пресметате. Почетната цена на 13-ката (за основниот модел) се очекува да биде околу 830 евра.

За новинарството од кое новинар го фаќа срам

Кои се тие луѓе кои денеска се претставуваат како „новинари“ и кои не знаат каде се ментално шупливи? И како на луѓето да им кажам дека сум новинар? Им викам дека сум инженер во пензија и дека отсекогаш сум го мразел новинарството, затоа што бројките се почесни од зборовите.

Конечно дојде модата

Чорапите се дело на јапонскиот дизајнер Фукузава Такајуки, кој забележува дека луѓе фрлаат парови чорапи само затоа што едниот чорап има „не можам да се качам до кај тебе на кафе“ дупка кај палецот. За да се избегне ваква ситуација, тој изработува чорапи кои фабрички се со дупка на палецот.

Не дека нема бизнис во анти-ваксерството

Компанија од Северна Каролина одлучи отворено да го прифати и стимулира анти-ваксерското движење, без притоа да крие дека директно заработува од успехот на истото.

Кафана

Ако веќе мислите добро да си поминете, не измачувајте ги браќата и сестрите во кафаната со фалбаџиство и викање. Кафаната не сака фалбаџии и гњаватори, иако ги трпи против својата волја: на секоја будала треба да ѝ се помогне да се ослободи од своите пари, а тоа е дело богоугодно.

Резервација за 13-те отсутни

Во спомен на своите загинати војници во нападот во Кабул, американски пабови или гости во истите почнаа да резервираат маси за цела вечер за 13 луѓе со 13 чаши пиво.

Капитализам без граници

Американските корисници го фатиле „жив“ Лифт (конкурентот на Убер) дека ги дере своите патници по еден крајно нечовечки критериум, што никогаш не би го помислиле, а кога ќе ви го кажат ќе ви звучи како крајно логичен - уште колку батерија им има останато на мобилниот, а колку помалку батерија, толку повеќе паника да не останеш без превоз.

Клекнатиот археолог кој не потклекна на ИСИС

Фотографијата е од 18 август 2015 година. Сирискиот археолог Калед Ал Асад,  на колена чека да биде егзекутиран на централниот плоштад во Палмира, решавајќи да го жртвува својот живот за да го заштити древното наследство од лудаците на Исламската држава. 

Брутална рецензија за Смедеревка

Дечкото пишува под името „Сомелиерско катче“. Ако поради тоа очекувате суптилни рецензентски финеси, шармантно нијансирани сомелиерски оценки и ларпурлартистични описи од типот „на рабовите на вкусот се чувствуваат трагови од ливадско цвеќе низ кое протрчал елен лопатар“, сте се зезнале отприлика исто толку како кога би помислиле дека Смедеревка може и на голо да се пие. 

Потрошете му ги парите на Елон Маск

На ваков шопинг не сте биле. Богатството на Маск е проценето на - копи-пејст, да не утнеме некоја нула -  $164,000,000,000. Имате на располагање 40-тина работи кои можете да си ги купите, од тенк до екипа на формула 1. Ние најбезобразно искликавме што ни душа сака и испадна дека сме му потрошиле само 0.085049% од парите. Требаше поише да го сокузиме.

За суетата на локалните креативни богови

Од едно интервју на Борислав Пекиќ за ТВ Белград од 1981 година, десет години откако српскиот писател се имаше преселено во Англија.

Препораки за на жешково

Надлежните слуби и институции препорачуваат да се избегнува изложување на директно сонце и високи темпоератури. Засолнете се на мирно и поладно место и пијте многу течности. Пример:

Колку недели живот си стар?

Еден многу непријатен календар што годините на животот ти ги цепка на недели, па прави да излгеда многу поинаку кога ќе видиш дека на 40 години (во твојата 2030-та недела од животот) си безмалку на половина својот работен век и повеќе од половина од животниот век.

Летен супрематизам

После родител 1 и родител 2, беше само прашање на време кога некој либтард ќе реши дека е време да се продолжи таа глупоќа со реименувањата и ловот на политички некоректни зборови - вештерки. А време е, доаѓа Q3.

Нема поточна слика на интернет

Темата е „Ако Шведска беше во Источна Европа“, и е така снајперски прецизно удената, посебно со билбордот и надградените тераси, да си помислиш дека „пред“ фазата е монтажа.