Разно

Брет Вајнстин не дава да им заборавиме

Потпирајќи се на сведоштвото од прва рака на доктор Пол Офит, своевремено цензурираниот Брет Вајнстин упорно ги прашува оние кои во меѓувреме сменија дрес во врска со ковид вакцините што мислат за тоа што Фаучи и сите главни играчи кои тврдеа дека природниот имунитет не е доволен туку ни требаат и вакцини и бустери (чии долгорочни нуспојави допрва се гледаат), ама тоа ѝ го премолчеа на јавноста жестоко напаѓајќи ги оние кои мислеа поинаку.

Штета што не веруваме во пеколот

„Храбриот“ Трамп уште нема сила да признае и да изрази жалење за оние кутри 165 (сто шеесет и пет!) ирански девојчиња на возраст од 7 до 12 години што загинаа во ракетен напад на нивното училиште. Подмолно, не еднаш туку двапати, за да се дотепаат оние кои преживеале и оние кои дошле да им помогнат. Ќе го прогонуваат ли тие нивни лица до крајот на животот? Не веруваме ама многу сакаме да е така.

Реза го нуди Иран на тацна

Да немавме и по дома вакви, ќе се чудевме. Во надеж дека ќе ја охрабри јавноста да застане зад војната на САД и Израел против неговата земја која треба да да му го расчисти патот до тронот на кој седеше татко му, Реза Пахлави ветува мед и млеко: за 10 до 15 години иранската економија ќе генерирала трилиони долари приходи за САД.

За жените во Иран и САД

Иран ја имаа онаа идиотска „морална полиција“ која со бело-зелени комбиња шпарта по улици за со опомени и казни да ги спроведува строгите исламски правила за облекување и однесување, особено на жените. Но кога американски сенатор ќе ја претстави состојбата, на најамерикански можен начин (црно-бело), и на глуп човек му е јасно дека се работи за гола пропаганда која треба да ги оправда бесрамните потези на империјата. Гајле им е нив за жените во Иран.    

Трамп никогаш нема да забие американско знаме во Техеран

Цел свет сабајлечки се буди за да види што ноќта спремил Доналд Трамп, ја коментира неговата непредвидливост хрватскиот професор Жарко Пуховски. Кај Трамп до неодамна беше добро што барем не ги криеше мотивите (во случајот со Венецуела отворено кажа дека се работи за нафтата), но сега и тој врти кон проверениот американски пропаганден наратив за човекови права и рушење на авторитарни режими. 

Миротворецот Биби

Да потсетиме на времињата кога Бенјамин Нетанјаху ги убедуваше Американците дека ако го скинат Садам Хусеин, тој ГАРАНТИРА дека тоа ќе има огромно позитивно влијание во регионот. „Позитивното влијание“ се виде во пола милион загинати, пет милиони раселени, хаос и политички вакуум кој го пополни ИСИС.

Америка ја изгуби војната кога ги испука првите шест ракети

Поранешниот офицер за разузнавање на американската морнарица и главен инспектор за оружје на ООН беше на интервју кај Џорџ Галовеј. Оценува дека војната е изгубена откако се дрзнаа да го убијат ајатолахот, потег кој е сличен како да го убиеш Папата. За опис на Доналд Трамп искористи наслов од песна на Грин Деј. Знаете која.  

На лагата ѝ се (таман) кратки видеата

Војната во Иран е прва во која сме апсолутно преплавени од лажни видеа. До толку немаше ни за Газа, ни за Украина. Сега е поплава (а ќе станува бетер) за на крај на сопствените очи да не си веруваме. Дури и алатките за проверка на автентичноста не секогаш вршат работа. Грок вчера неколку пати се пишманеше за еден наводен ракетен напад во Тел Авив, на крај ја баталивме приказната.

За оние кои постат

Има верници кои во постовите строго се држат само до нутриционистичките препораки, како со тоа да завршиле работа за оној билет во посакуваниот правец. Попат ниедна друга суштинска поента на постот ниту ја почитуваат ниту ја практикуваат. Не ни се верува дека има луѓе кои стварно веруваат дека еден ден, кога ќе се дојде до небесната раскрница, надлежните скретничари ќе му кажат: „Ааа, онојпат во петок се омрси, не играме така“.

Оружјето на мексиканските картели е американско

Такер Карлсон на времето тврдеше дека Украина продава добар дел од оружјето кое го добива од Америка и западните сојузници и дека значајна количина од тоа завршува кај мексиканските картели. Го обвинија дека шири лажни вести. Сега, мексиканскиот министер за одбрана, Рикардо Тревиља, открива дека 80% од запленетото оружје од картелите е од американско производство.

НБА закуцување на Такер Карлсон

Американскиот милијардер Марк Кубан (тежи шест милијарди долари), споделува дека половина од неговата фамилија се Украинци и дека на таа земја „треба да ѝ помогнеме.“ „Ти колку пари имаш пратено во Украина?“, го прашува Такер Карлсон. Овој му вика дека ја нема помагано Украина зашто други работи помага. „Секогаш кога ќе кажуваш што треба да правиме, почни од себе. “

Филмски трибјут на женските нозе

Во ерата на немиот филм, уште во 20-тите години од минатиот век, женските нозе биле еден од ретките начини да се покаже сексуалност без да се прекрши цензурата (која подоцна ќе се преточи во Hays Code). Фала му на Бога, работите се олабавуваат па нозете стануваат еден од највпечатливите филмски симболи на еротика, моќ, ранливост или фетиш. Без разлика дали сте за повеќе за Мерлин Монро, Марго Роби, Салма Хаек, Шерон Стоун... 

Митот за чистото зло

Слушнете и запамтете го ова, ако сте од оние како нас кои никако да престанат да се чудат од каде толку отров во некои луѓе со кој обилно ги залеваат социјалните мрежи. Што ли мислат, како ли пред себе го правдаат тоа што се зли и пакосни. Правдаат? Никакво правдање нема кај нив, тие се херои кои биле принудени да реагираат, да го спасуваат светот. Се каат евентуално како што се каеше Ал Капоне.   

Каја Калас: Ви требаме за да гинеме

Иако жестока е конкуренцијата, Каја Калас особено се труди да ја запамтиме по глупоќа. Пазете што им вика на Американците: „Кога Русија оди во војна, оди сама бидејќи нема сојузници. Но, кога Америка оди во војна, многу од нас одат со вас и попат ние губиме луѓе. Затоа ви требаме ние за вие да бидете супер- сила...“   

Зеленски и стомакот на Орбан

Некои во Македонија будалесто се надеваат дека би можеле да влеземе во ЕУ благодарејќи на Украина и решеноста на Брисел да ја внесе по секоја цена (јака унија ќе биде тоа со осакатена, презадолжена и корупирана Украина во неа). Засега има сериозен отпор од неколку земји (Унгарија, Словачка, јавното мислење во Чешка, Австрија, Германија, Франција...) но главното камче во чевелот е Орбан. Фрустрираниот Зеленски не се воздржува да удри под појас. 

Вазалите се вазда исти

Марко Рубио на Европејците во Минхен им дојде како претставник на земја која без големи сомнежи го дигна Нордстрим во воздух, земја која не се откажува од идејата да земе европска територија (Гренланд) како своја, земја која на секаков начин ги притиска „сојузниците“ да купуваат од преценетиот американски течен гас. Европејците во Минхен го пречекаа Рубио со стоечки аплаузи.

Јас сум Куба

Мартин Скорсезе и Френсис Форд Копола имаат помогнато да се реставрира и реобјави филмот „Јас сум Куба“ (1964) на брилијантниот советски режисер, Грузиецот Михаил Калатозов. Како советници на филмот имаат учествувано и Фидел Кастро и Че Гевара. Скорсезе ова дело го смета за мастерпис на светската кинематографија. Пазете го овој кадар:

Дебата е додека се согласуваме

Во австралиска „дебата“ за руско-украинската војна, дечко се јавува за да каже дека работите таму не се толку црно-бели како што ги перцепира Западот и потсетува на тоа што се случуваше во Донбас уште во 2014 година, украинскиот наци-батаљон Азов и други ситници. Што се случи? Шупакот од водител (Стен Грант) го исфрли од емисија.  

Пуздер во Европскиот парламент

Во Европскиот парламент неодамна го прашаа американскиот амбасадор во ЕУ дали сфаќа колку е привилегиран човек. Дека ја претставува единствената земја на светот која отворено може да му се заканува на суверенитетот на некоја европска земја и да прети со казнени царини а сепак во Брисел да добие третман со црвен тепих. Ок, не е лошо европарламентаците да поднаучат турски. Човекот (амбасадорот) можеби не џабе се презива Пуздер.

Шофер на автобус избркан од работа бидејќи бркал крадец

Некоја апаш дрпнал ланче од девојка во англиски автобус и фатил штрафта. Возачот запрел, фатил да го брка и за 200 метри го фатил. Му го одземал ланчето на сила и ѝ го вратил на девојката. Ама оној се вратил па овој му ја учукал една. Епилог? За јавноста шоферот е херој ама не и за компанијата која работи: му дале отказ. Затоа што оној апашот сепак бил муштерија во јавниот превоз. А не можеш така со муштерии.

Ocean's 0,11

Ричмонд е еден од најзелените, најбогатите и најпожелните делови за живеење во Лондон. Се наоѓа на Темза, со многу паркови и отворен простор, старински улички, пабови, театар... Деновиве таму сред бел ден беше изведена спектакуларна пљачка на златарница. Како? Со препреден и до детал разработен план како во филмот „Единасеттемина на Оушн?“ Не. Со токмак.

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс станува појасен

„Само имам вечерано со него и тоа е сè“, викаше Бил Гејтс кога го прашуваа за неговиот однос со озлогласениот Џефри Епстин. Во најновата транша фајлови се спомнува епизода кога Бил Гејтс закачил трипер или слична сексуално пренослива болест од „руските девојки“ на Епстин. И барал совет каков антибиотик може да ѝ подметне на својата сопруга без таа да забележи. 

Како не му е срам на Иран

За да го оправда сè поголемото воено присуство во тој регион, американскиот државен секретар Марко Рубио објаснува дека САД имаат 30-40 илјади американски војници на Блискиот исток кои можат да бидат потенцијлано загрозени па татковината мора да ги брани. Да го довршиме насловот: Како не му е срам на Иран да биде толку блиску до американскиоте бази? 

Путин кај братот кој никогаш не го виде

Малкумина знаат дека една од жртвите на опсадата на Ленинград бил брат на рускиот претседател. Виктор Путин бил роден 1940, умира на само две години, од изгладнетост и дифтерија во детски центар каде бил пратен за посигурно. Детето е погребано во масовна гробница. Многумина знаат (ама се прават на будали) дека само за одбрана на Ленинград, Русија дала повеќе жртви отколку комбинираните воени загуби на САД и Британија во целата војна.