Разно

Американската доминација на небото

Ѕирнете една графичка симулација за големината на воените авијации на разни држави која покажува колку американската флота е доминантна и супериорна во однос на сите нив. Разликата е навистина импозантна, само што, талибанците кога гледаат вакви видеа за американската воена надмоќ, мора да си викаат: Да, а?  

Што знае американски сенатор колку луѓе бомбардира

Долгогодишниот републикански сенатор, Тед Круз, страстен интервенционист и апла про-Израел, се најде во небрано кога Такер Карлсон го праша колку луѓе има Иран. Фино лепо, не знае човекот колку луѓе живеат во државата која сака да ја сруши и за чие бомбардирање навива. Голем ќеиф е кога ќе ги видиш вака соголени, голем жал е кога ќе сфатиш дека такви одлучуваат за судбините на милиони луѓе.  

Народскиот говор на шерифот

Не помина долго време откако сенаторот Рон Де Сантис порача дека во Флорида  нема да се теолерираат безредија по улици и особено не конфликти со полиција (види: Ако нема друго, газете), шериф од тамошен округ го операционализираше упатството и го раскажа на брутално  разбирлив јазик. „Ако дигнете рака на нас, ќе го известиме вашето семејство каде ќе може да ви го подигнат телото“

Иран беше на неколку месеци од нуклеарка?

Главното алиби за израелскиот напад врз Иран беше дека тој напад бил превентивен затоа што озлогласниот Техеран бил многу блиску до зботување на ураниумот на ниво доволно за правење атомска бомба. Ок, само што истото тоа го викаа пред две години, истото се викаше пред четири години, истото во 2015-та година, истото во 2013-та година, истото и во 2012-та.... и така наназад сè до 2001-ва. 

Од Блискиот исток ечи „Wonderfull Life'

Додека Блискиот исток се соочува со најсериозната ескалација во последно време, луѓе во Либан си го тераат животот по стандардниот ритам, кој на венчавка, кој на журка, кој по барови. И кога онаму карши ракети го параат небото, се погаѓа песна чии стихови велат:  Here I go out to sea again/ The sunshine fills my hair/ And dreams hang in the air... Како на Титаник кога свиреа виолини додeка бродот тонеше.

Културата на цензура нè направи слепи, глуви и глупи

Одмазничкиот удар на Иран испадна посилен отколку што се очекуваше па сега на Запад се чудат. Иранскиот режим требаше да падне, слично како што Русија лесно ќе беше поразена зашто економијата ѝ е слаба, слично како што „Кина не знае да иновира“. “Зошто ние на Запад сме склони да ги потценуваме противниците?“, се прашува професорот Глен Дизел. 

Рон де Сантис: Ако нема друго, газете

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, на своите граѓани им ги објасни правилата: ако сте во кола, ве опколи некоја толпа бараби, почнат да ви се закануваат и почувствувате дека сте загрозени - само гас! Ако попат соберете и згазите некого, нивна грешка. Никој не е должен да седи во својот автомобил и мирно да чека бандата да го линчуваат.  

Завршниот лет на украински дрон

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави видео од операцијата „Пајажина“ со кое сериозно ги изненадија Русите напаѓајќи им 4 воени аеродроми во длабок - до 4.000 километри - офсајд. Видеото покажува како дронот почнува од бааги далеку, непречено влегува во територијата на аеродромот каде што веќе се крева чад од претходен удар и потоа се забива во руски стратешки бомбардер Tu-22M3.

ЦК на ЕУ не трпи разногласие

Член на Европскиот парламент од Луксембург бил исфрлен од неговата политичка група ЕЦР (европски конзервативци и реформисти) во која членувал цели 16 години. Тој е дипломат од кариера и верува дека кога Американците, па дури и Украинците разговараат со Русија, нема логика ЕУ да остане тврдоглава во ставот да не го прави тоа. Со таа идеја за дипломатија отишол во Москва по што „Политбирото“ го исфрлило од своите редови.

Помислете денешните злотвори што сè знаат за вас

Во Холандија имало уапсено и убиено многу повеќе Евреи отколку во Франција заради една проста  (но статистички значајна) причина: за разлика од францускиот, холандскиот попис имал и графа за религиозна припадност па Нацистите таму точно знаеле на која врата да тропнат. Башка што кооперативните Холанѓани тие податоци ги имаат предадено доста ентузијастички. 

Газа, срамот на нашето врeме

Ние и нашиот стрес сме најмалку битни, но навистина се изнагледавме ужаси од секојдневието на луѓето од Газа, сакајќи да ви го доловиме а притоа да ги избегнеме сите оние апла брутални и шокантни сцени кои секојдневно доаѓаат од таму a кои не се осмелуваме ни да ги раскажеме. Пред очи на цел, горе-долу рамнодушен свет, се случува хорор кој дури и тишината (меѓу две бомби) може да го долови.  

Којзнае дали преживеа

Моментот кога настана огромната експлозија во фабрика за хемикалии во источната кинеска провинција Шандонг. Работник од фабриката е снимен како вешто успева да избега од силосот во кој настана пожарот и експлозијата, но со оглед на тоа колкава беља испадна од тоа, не сме најоптимисти. Покрај другото, тоа е еден од најголемите светски производители на пестициди.

Нечовечност на жар

Според извори на Обединети нации, меѓу 300.000 и 500.000 луѓе во Газа се соочуваат со екстремна  глад, класифицирана во фаза 5 (катастрофа). Израел воведе ригидна блокада и опсада на појасот, хуманитарна помош пушта на лажиче (Гутереш) а на само неколку метри од тој концентрационен камп, некој прави пикник и пафта скара.

Сељачиште на кое му се може

Џеф Безос од Амазон, еден од најбогатите луѓе на светот, околу домашниот имот има подигнато ограда од 8 метри, плус систем кој оневозможува љубопитни дронови. Проблемот е што во тоа маало максимално дозволена височина на ограда е 4 метри а казната е 50.00 долари неделно. И овој редовно, секоја недела, ја плаќа казната, за да го зачува мирот во својот „Зајас“. За контекст: Безос заработува 800.000 долари на час.

Шана шие на машина

Иако машините за шиење постојат веќе 200 години, начинот на кој тие функционираат уште знае да биде доживуван како механичко чудо кое фасцинира, дури и меѓу оние со соодветно инженерско образование. Еден машинец вика „Иако сум возрасен човек и патем машински инженер, за мене машината за шиење и натаму е уред кој создава магија.“

Секирациите на еден шведски татко

Син му има 19 години и веќе три пати е нападнат и ограбен на улица; двапати од Сомалијци, еднаш од Арапи. Сега на дечкото му е страв да излегува сам во својот град. „Тоа не е оној Гетеборг во кој јас имам растено“, вика човекот. „Да имав ќерка, ќе ja следев во чекор со полна сачмарка кога излегува надвор“.

Во секоја цигла во Газа ли се крие Хамас?

Несфатлива е рамнодушноста и премолченото одобрување на огромниот дел од светската политичка јавност и главните западни столбови на „меѓународниот поредок базиран на вредности“ за страдањата кои Израел систематски ги наметнува на децата, мажите, жените и старите луѓе во Газа и она што остана од тоа. И бомбардирање на сè што постои и намерно изгладнување на оние што се таму. Несфатлива.  

Економски лекции за Трамп

Трамп тврди дека цел свет ја краде Америка за што сведочи нејзиниот трговски дефицит. Тоа е како да тргнеш со кредитна картичка по дуќани и сè изнакупуваш што сакаш а после ги обвиниш дуќаните дека те крадат пошто имаш трговски дефицит со сите нив. „Тоа јас го предавам на вториот ден од Меѓународната монетарна економија, ама Трамп нема стигнато до вториот ден,“ го заплеска професорот Џефри Сакс.

Браво ма, Мегин Кели

Џејк Тапер, една од главните вилици на CNN против Трамп, деновиве е пуштен по медиуми и подкасти во промоција на својата нова книга во која, една од најзвучните поенти му е дека кругот околу Бајден знаеле ама криеле за неговиот ментален фејд аут. „Ајде?“ вика Мегин Кели во стил на Били Питон па го потсети Тапер каква улога имаше тој во таа фарса. - Не е точно. - Не е точно? Мегин му пушта видео.

Пирс Морган налета на професор од Техеран

„Два смо света различита“ од Тома Здравковиќ би била совршена музичка позадина на овој судир на претставникот на Западот, водителот Пирс Морган, и неговиот гостин од Иран, професорот Мохамед Маранди. Правата на жените и замолкнувањето на непожелните гласови се логични аргументи на западниот наратив, додека некој не потсети на ликови како Епстин или протерување студенти заради про-палестински ставови.

Departed во знакот на Икс

Двапати го имаме гледано ама уште три пати да го гледавме, немаше да ја приметиме оваа цака. Дека во филмот „Departed“, режисерот Мартин Скорсезе го има вметнато симболот „X“ онолку пати колку што има убиени ликови во филмот, што е омаж на оригиналниот „Скарфејс“ на Хауард Хокс од 1932 година. Додуша, и да броевме, после онаа сцена со лифтот, ќе го изгубевме рачунот.

Сите проблеми водат кон Британија

Од Индија и Пакистан, преку Блискиот исток до Кипар (каде што ја дава изјавата), професорот Џефри Сакс тврди дека сите проблеми на светот водат назад кон Велика Британија, која цели 200 години беше најмоќната империја на светот. Каде и да беа и од каде и да заминаа, оставија конфликти, потсетува професорот од Универзитетот Колумбија. Палестина, на пример. Меѓу 1915-та и 1917-та, им ја ветуваат истата територија и на Арапите и на Французите и на Евреите.

Толку од обуката

Мексикански брод за морнаричка обука со 200 луѓе на него, од комплетно несфатливи причини, со јарболите се зачука во Бруклинскиот мост. Дел од од екипажот беше парадно наместен на јарболите, оригинално високи 45 метри, пред да бидат објективно скастрени од мостот висок десетина метри помалку. Двајца загинале, 19 се повредени. Изгледа на обука бил капетанот иако е можно и да откажале некои системи. А требале до Исланд да стигнат.

Старбакс нејќе да се пресоблекува

Разгалените баристи од стотина дуќани на Старбакс прекинаа со работа за да протестираат за новиот дрес-код кој го донела компанијата и пропишува малку построги правила за облекување на работа отколку што беа навикнати. Ќе треба да се носат црни маици или блузи со каки, црни или тегет панталони, за зеленото лого да се истакнувало. Не може тоа така, велат „осакатените“ работници.