Разно

Зеленски, чекај бе дечко

Зеленски жестоко ја нападна Европа во Давос. Дека не знаат да се бранат, дека се ништо без Америка, дека се салата, фрагментиран калеидоскоп од мали и средни парченца. Ги праша кога праќаат 14 или 40 војници во Гренланд, каква порака испраќаат со тоа? Му дадоа овации и не наjдoа за потребно да го прашаат, Владимир, од чии пари ти живееш?

Америка го открива православието

Во време кога христијанството во САД континуирано губи муштерии, на една конфесија ѝ оди зачудувачки добро. Последниве пет години во православие преминале преку 100.000 Американци. Главно млади а ги има од различни профили; и верници од други вероисповеди и атеисти. Што е тоа што православието им го нуди на овие лиѓе а не го наоѓаат кај другите гранки на христијанството?

Не требало да ја викаме вакцина??

Во налет на задоцнета памет и совест, екс директорот на Американскиот центар за превенција и контрола на болести денес вика дека ковид вакцините не ни требало да ги викаме вакцини затоа што никогаш и не биле наменети за спречување на инфекцијата и трансмисијата. Требало да ја сметаме за лекарство, поучува Роберт Редфилд. Само што како лекарство, не можеше да биде наметната како задолжителна, јелда?   

Овие сите се кој од кој

Финскиот претседател порача дека Европа може да се одбрани без САД, за само 11 минути подоцна да каже дека никогаш не рекол тоа. Александер Стаб: „Може ли Европа да се одбрани? Мојот одговор е недвосмислено да... без Американците.“ Минути подоцна, новинар: „Рековте дека Европа може да се одбрани без Американците...“ Стаб: „Не баш. Не е тоа мој цитат“.

Кид Рок за американскиот наталитет

Американскиот рокер Кид Рок е гласен конзервативец, фан на Доналд Трамп. На интервју за Фокс ТВ го прашуваат дали на негови концерти нема девојки со тегет коса и вуна под мишки. Му пуштаат и снимки од некој протест на прогресивци. Овој вика:  Ги гледам вашиве снимки, ми текна дека ние во Америка имаме најниска стапка на наталитет и ми стана јасно...  

Земајте пуканки, Давос почна

Ако не сте од оние кои се укочуваат во стравопочит од концентрацијата на политичка и економска моќ каква што има во Давос, оваа помпезна собиранка на белосветски инфлуенсери знае да биде гротескно забавна. Особено годинава, кога Портокаловиот го распара и го соголи „поредокoт базиран на правила и вредности“. Американците дојдоа за да поделат уште по некоја шлаканица, другиве кој од кој...

Варуфакис: Данците да не се прават Енглези

Проблемот на Данска со САД околу Гренланд, Јанис Варуфакис го гледа од грчка перспектива. Откако заедно со Турција влегоа во НАТО, Грците попусто се обидуваат да го обврзат НАТО да ги брани ако Турција нападне. Не е НАТО за тоа, НАТО е за одбрана од надворешни непријатели, ја убедуваа Атина сојузниците од Алијансата. Меѓу нив, и Данците. 

Правда за трудните браќа

Не ја прашуваат бабата „кои војводи беа у вас на вечера“, ниту е пак сцена од Inglourious Basterds кога Ханс Ланда (Кристоф Волц) ги испрашува домаќините дали кријат Евреи. Па сепак, мачно е да се гледа како сенаторот Џош Хоули пробува да добие одговор од гинеколог на прашањето: „Дали маж може да затрудни?“ Реалноста била комплексна, прашањето било поларизирачко... Како заб да ѝ вадиш.

Објаснување на балканската економска катастрофа

Прецизно транжирање на „бесконечната транзиција“ во која со децении се врти Балканот и моделот кој не е граден за развој туку за екстракција и евтина работна сила. Од некогашните приватизациони кражби до денешните градежни мафии кои служат за перење пари. Сето тоа под патронат на оние кои повеќе ја ценат стабилократијата отколку демократијата. Има излез ама ќе има ли доволно луѓе кои ќе го видат? 

Домашна а оригинална

Користејќи спектрометар и доста наука, јутјубери тврдат дека го кракнале прочуено мистериозниот рецепт на Кока Кола, регистрирајќи го хемискиот потпис на секој вкус, по што вкусовите ги реплицирале во лабораторија. Ако немате друга работа, спремајте карамел боја, фосфорна киселина, глицерин, вински танини, кофеин, есенцијални масла од лимон и лимета, чајно дрво, цимет, мускатно оревче, портокал, коријандер...

Ете, и Папата мисли исто како нас

„Болно е да се гледа како на Запад, просторот за слободно изразување рапидно се стеснува,“ изјави поглаварот на римокатоличката црква во годинешниов говор за „Состојбата во светот“. „Во исто време, се развива нов орвеловски јазик кој се обидува да биде инклузивен а завршува со исклучување на оние кои не се согласуваат со идеологиите кои стојат за него.“ Лео, лавчино!

Како е „џабе чалам“ на германски?

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер жестоко ја критикуваше надворешната политика на Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што оние бескрупулозните земаат што сакаат. Ќе беше ова за аплауз ако истото ова лидериште не му даде највисок медал на Џо Бајден, човекот кој го организираше индустрискиот тероризам наречен саботажа на Северен тек, што ја осакати германската економија. 

Мора да била тоа некоја нарко-математика

Американците целосно уништиле витален научен центар во Венецуела, сместен во државата Миранда, една од нејзините 23 сојузни држави. Со две моќни оружја (AGM-154), комплетно биле уништени објектите на Математичкиот центар на Венецуелскиот институт за научни истражувања. Оштетени биле уште четири институти, за физика, хемија, екологија и атомски истражувања.

Не можеш да си доволно параноичен со империи

Интервју на покоен Хуго Чавез, политичкиот претходник и ментор на заробениот Николас Мадуро. На новинарка ѝ објаснува дека САД ѝ се стрват на Венецуела и саакат да ја освојат, првенствено заради нафтата, која ја имаат повеќе и од Саудиска Арабија. Новинарката го прашува дали ваквит негови ставови се можеби параноични. КОјзнае дали и денес тоа би го мислела 

„Терористи“ за повеќекратна употреба

Како Трамп се одважи да ја нападне Венецуела и да го грабне нејзиниот претседател топтан со жена му (да била и баба му, и таа ќе го папаше) без одобрение од Конгресот? Правиш картел кој го стишуваш откако ќе ја заврши првичната мисија, го оживуваш кога пак ќе ти затреба и го прогласуваш за терористичка организација. А терористи може да се бркаат и без благослов од Конгресот. Кога ќе дојде работата на суд, се откажуваш од терористичката етикета.   

Што му ја прелелало чашата на Трамп?

Некој пеколен ракетен план на Мадуро со Русите или Кинезите? Некоја гигантска пратка фентанил со која сакал да зомбифицираат уште стотици илјади Американци? Ништо од тоа. Трамп бил особено фрустриран затоа што Николас Мадуро последните недели уште поинтензивно од обично се појавувал на телевизија, играл на музика и го провоцирал дека го чека. 

Така говореше Трамп

За 42 години, Американците срушиле или пробале да срушат 72 странски влади. Мат Таиби потсети дека онаму каде што успеале, често настапувала нестабилност, помалку демократија, опасност од граѓански војни. Тоа беше во ерата на Бајден. Се појави човек кој вети дека ако влезе во Белата куќа, ќе ја прекине политиката на „смена на режими“ и „изградба на нации“. 

Не се секирајте, Германија е безбед....

Пред 10 години, над 1.000 жени низ Германија беа нападнати за време на новогодишните прослави. Само во Келн имало повеќе од 500 напади, 40 проценти биле сексуални, главно од мигранти. Деценија подоцна, германската стримерка @Kunshikitty со личен пример сакаше да покаже дека денес Келн е безбеден за жени, шетајќи во делови на градот полни со „мажишта“. Добро помина, само двапати ја зачукаа. 

Кога сите американски пари би се поделиле рамномерно

Илон Маск сам има 681 милијарда долари (па што, три пати ли ќе ќе руча?) а според американските федерални резерви, американските граѓани поседуваат вкупно 160,35 трилиони долари. По колку би добил секој човек ако сите тие пари подеднакво се распоредат? Секој по 471.465 долари а на двојка со две деца би им следувале 1,89 милиони. Не е лошо, ама, да ве потсетиме: парите се трошат, виното се пие... 

Германија со севернокорејски шмек

Германското министерство за надворешни работи издало директива, во сите нивни амбасади во светот видливо да биде истакнат портрет со ликот на шефот на дипломатијата. За среќа, имаат новинари како Флоријан Варвег кој праша колку тоа кошта. За жал, политичарите сегде се исти па му кажаа дека не можат сега да му одговорат бидејќи „финансиската конструкција уште не е заокружена.“

Има ли пилот во твојот авион?

Пред неколку години, две мали едномоторни Цесни се дигнаа на 4.200 метри, авионите беа наместени во контролирано нуркање по што пилотите истовремено излегоа од своите летала за во воздух да ги сменат местата и да влезат во другиот авион. Еден од пилотите успеа, другиот не.

Биопсијата може да е беља работа

Врвен истражувач на рак предупредува дека со биопсијата може да се прошират малигните клетки. Препорачува да не се рчка мечката туку прво да се изгладни со метаболичка терапија а потоа канцерот хируршки да се отстрани цел. „Ако го прободете рано, ќе биде агресивен. Ако прво го намалите, патологот ќе ви рече „ова дури и не е опасно“. Ист тумор, сосема друга приказна“, вели доктор Томас Сеифрид од МИТ.

Тајната што го чува најстарото дрво во Америка

Некаде во американските планини постои дрво од пет милениуми. Постаро од пирамидите, од бронзеното доба, од Стоунхенџ, од Ристо Никовски... Но, неговата локација заминува во гроб со оној што го пронашол, дендролог кој извлекол поука од претходните случаи на пра-стари дрвја, некои оштетени од туристички желби да откинат сувенир, некои скроз пресечени од истражувачка љубопитност.    

Паркот на Галицки

Паркот е подарок за градот Краснодар од милијардерот Сергеј Галицки (според Форбс човекот тежи 3,2 милијарди долари), газда на трговскиот ланец Магнит и на ФК Краснодар. На цели 23 хектари, во близина на градскиот стадион, многу поразличен од класичните советскии паркови. Дизајниран е од германско биро и е „must‑see“ дестинација за љубители на архитектура, урбанизам и фотографија.