Разно

На Израел не можеш да му се скриеш

Хезболах цели 18 години се спремаше за војна (по Втората либанска војна во 2006) а Израел деновиве за пар дена им ја ликвидира целата командна структура и најмалку 50% од големата огнена сила. Видео од израелска амбасада објаснува како се прави тоа: целиот регион е 3Д мапиран до сантиметар, со људство и ВИ е скенирана и тагирана секоја сомнителна куќичка, дрво, нов камион...

Секс журките на њујоршкиот „ковид цар“

Доктор Џеј К. Варма беше прв човек на Њујорк за ковид мерки во првата година од пандемијата. Се памети по својата строгост, бескомпромисност во однос на карантините и заклучувањата, непопустливост за „социјалната дистанца“. Само што му извадија компилација што ТОЈ има правено додека другите беа заклучени: секс журки со многу дрога во хотели, денс забави под банка на Вол Стрит... Големи овци испаднавме.

Попрво во Јужна Африка ќе падне снег, него кај нас

Во последниот баг во матриксот делови од Јужна Африка се под сериозен снег, кој, што сакаш збори за нив, ама оправдано ги фати неподготвени. И власти и народ и лавови и жирафи.

Германците едвај го дочекаа Октоберфест 2024

Германец знае за култура, воспитување, процедура и општо ред се до првиот час од првиот ден на Октоберфест, и тогаш настапува општ хаос и анархија во име на фатена клупа под шатор. Одговорот на тоа што најмногу ве интересира е 15 евра за кригла од 1 литар. Во 2014, истото количество пиво чини 5,5 евра.

Како настанува кањон во пустина

Феноменално објаснување на карактеристичниот релјеф на една песочна пустина. Од оние препознатливи височинки кои личат на заоблени карпи (а не се карпи) па до огромните кањони издлабени од нигде никаде. Бескрајни километри пејсаж, разбирливо обаснети на 20 сантиметри песок и шише вода.

Живееме во епизода на Саут парк

Уште одбиваме да поверуваме дека ова не е пародија. А не е. Членови на градскиот совет на Лос Анџелес отстраниле сообраќаен знак за забрането полукружно вртење (U-turn) бидејќи сметале дека овој знак е навредлив, хомофобичен и насочен против ЛГБТ заедницата. Да. Тек знак за ќорсокак да имаа во маало, ќе штрајкуваа со глад.

Путин: Запад сака да влезе во директна војна со нас?

Не е поентата што Украина ќе користи западно оружје против Русија на нејзина територија. Тоа и сега го прави. Проблем е ако користи прецизни западни ракети со висок дострел. За нивно навигирање, неопходно е да се користат сателитските мрежи на НАТО и тоа не може да ги прави украински туку само НАТО персонал. А на тој начин запад и Алијансата влегува во директна војна со Русија.

Водени Топаловиќи

Кај на сè уште не дошло стандардно кремирање (тоа поповите кочат поради неможност за „customer retention“ јер кај ќе наплатат за пеење ако се расфрла пепелта) а во светот да ти постоело и кремирање со вода, легално во 25 држави. Процесот се вика аквамација, односно алкална хидролиза. И пазете ова, давало 20% повеќе пепел во крајниот „производ“. 1.400 долари. Да повториме, „само је смрт сигуран посао“.

Стварно ли јадат мачки оние од Хаити?

Тоа  стана една од главните меме инспирации од првиот дуел Трамп - Камала. Краток увод: во малиот (60.000 души) Спрингфилд, Охајо има 20.000 мигранти од Хаити. Трамп се повика на сведоштва на локалци дека им снемува кучиња, мачиња бидејќи овие ги јадат. АБЦ го факт-чекираа Трамп, ама на кварен начин: го прашале менаџерот на градот и овој рекол дека нема докази за тоа. Ко да ја прашаш Данела дали е ок хигиената во Скопје.

Да ви каже нешто Милеи, и да го запамтите

Капитал создаваат бизнисмени / претприемачи, а не политичари. Политичари не знаат како да создадат капитал, ниту пак имаат поттик тоа да го направат, а и кога ќе се обидат да го направат единствено нешто што создаваат е корупција.

Бајден и официјално стана дедо за мајтап

Кога не е на плажа, Бајден во јавност главно добива лесни задачи, пример, оди види се со ветерани пожарникари во Пенсилванија. Од настан од кој речиси секогаш се излегува со позитивни поени и фотографии во јавност, Бајден овој пат излезе со сеир и со слика со капа Трамп 2024.

Америка нема каде освен во банкрот

Соединетите држави плаќаат 1.000 милијарди долари годишно само за камати на долгот што го имаат, а на секои три месеци нивниот долг се зголемува за нови 1.000 милијарди долари. Со вакво однесување, неизбежно е тоа да биде на секои 2 месеца, барем според математиката на Маск.

Непце на годината

Ова е Нина Јенсен, еден од врвните европски сомелиери, на нивното минатогодишно натпреварување. Жената има софистицирано врвно непце. Погаѓа од која сорта е виното, од кој регион и од која берба. Нашите рецептори, изгорени од лоши алкохоли, би погодиле дека виното е бело и дека (ваљда) не е WD-40.

Тажна вест за тие што чекаа диносаурусите да се вратат

Има една математика што сериозно ги убива шансите за восреснување на диносауруси која вели дека животниот век на ДНК е максимум некои си 20.000 години, а диносаорусите се исчезнати пред некои си 65.000.000 години. Не, ни килибарот од Паркот Јура не успева.

Шарените приказни за зелените прашоци

Во последно време ултра популарните зелени прашоци се обично прескапи и изгледаат како вода во која нозе измил Шрек, ама затоа доаѓаат со супериорни ветувања за составoт и својствата, бомбастично нудејќи се како „супер- храна.“ Некои потенцираат дека имаат и по 75 драгоцени минерали, витамини, пробиотици, ензими.... Само што, кога нешто содржи дури 75 елементи, јасно е дека ништо од тоа го нема во доволни количини.  

Среќата е преценета работа

Среќата е како дупната чаша, постојано треба да ја полниш а таа постојано се празни. Но, ако научиш да си задоволен со она што го имаш, тогаш веќе ништо не ти треба, вели овој човек кој некогаш имал добра работа, добра кола, голем телевизор, сараунд... и нула време да ужива во сето тоа. Сега е „клошар“, сè што има може да го носи на грб и е раат.

А да кажете еднаш не?

Еве ви шанса да пробате. Нов Тикток тренд, стругање заби со турпија за нокти, заради која и да е причина. Ништо полесно од ова за да почнете да кажувате „не“ на се што ќе видите на интернет. Овие од клипот нема да се спасат, ама за вас уште има надеж.

Ако мислите Кинези работат за евтини пари, тек да видите Македонци

Кинеска фабрика за 26 работни денови месечно (само четири слободни дена), по 11 часа на ден, дава плата од 1.200 долари на месец, што би му дошло 4,2 долари од час (26 денови х 11 часа = 286 часови, поделено со 1200 долари = 4,2 долари).

Проект „Што знае Кинез што се 10 км. канал“

10-километарска делница од Фунан Техо каналот во Камбоџа, што го копаат Кинезите. Овие 10 километри ги завршуваат за 17 дена, со помош на 2.500 парчиња тешка механизација која работи 24 часа.

Јавен превоз во Финска

Ден пред започнување на новата учебна година, кога може да се очекува колапс на јавниот превоз во Скопје (градски автобуси нема доволно, приватни не возат од бунт), да ѕирнеме како тоа изгледа во Финска. За да не биде дека само си фантазираме, ќе дадеме и еден пореален и поблизок пример до нас, од Непал.

Магарето лета? Лета!

Уште во 50-тите години на минатиот век правени се експерименти на тема конформизам за да се дознае до кој степен луѓето се подготвени да не им веруваат на своите очи, само за да се согласат со групното мислење и да не штрчат. Познати како „Ешова парадигма“, тестовите покажале дека 75% од луѓето се спремни да се согласат со групата (за едноставна визуелна задача) иако пред очи им е сосема поинаква вистина. 

Крис Куомо си олесни душа пред народ

Како тоа они ќе се борат против корпорациите, кога ене ги копорациите горе во ложа што ја платиле милион, милион и пол долари за да бидат тука? П.С. во 2000-та потрошени се 300 милиони долари на двете претседателски кампањи. Годинава се очекува сумата да биде околу 10 милијарди.

На толку напредок, пак до никаде не сме стигнати

Иако нема целосно познавање, сепак човештвото има прилично добра слика за тоа што се случува на површината на планетава и во воздухот. До некаде истото важи и за водата. Меѓутоа сме дибидус за тоа што сè има под земја. Најдлабоката дупка што ние како човечки вид (поточно СССР) ја има ископано е 12,2 километри, што е 0,02 проценти од радиусот на Земјата.

Што знае Камерунец што се 9 тони песок на ден

Корекција, овие 9 тони се за 1-дневна смена од 4 часа. Бонус, песокот не се претовара од куп во камион, туку се вади со нуркање и со кофа. Колку пати треба да се нурнеш за да извадиш 9 тони песок за 4 часа? Околу 300 пати. И сето ова за 12 долари на ден.