Разно

До последно германско евро, до последен украински војник

Германската економија е во тешка повеќегодишна дефанзива, владата штотуку се распадна (и заради тоа дали најпаметно се трошат парите) ама постојат германски политичари кои се толку надвор од реалноста што се екстремно великодушни: Михаел Рот (цел живот политичар) на Трамп му го понуди следново: Ако САД се повлекува, Германија ќе ги преземе сите трошоци за одбрана од Украина.

Никшиќки Икс-фајлс

Градот Никшиќ има службена Лада, ама ја нема. Ладата ја нема година и пол и е пријавена во полиција. Ама и покрај тоа што ја нема и полицијата ја бара, во неа редовно се полни бензин на службена картичка.

Минута молк за поразените да се соземат

- Кој е овој човек, како има дојдено овде? - шокирано праша политичкиот коментатор на левичарските „Младотурци“, Ченк Ујгур, за гостинот кој ги заплеска сите оние кои се на пола копје од победата на Трамп. - Овде сум по покана, а дојдов со пасош, му враќа Пољакот Доминик Таржински (десничар, суверенист), член на Европскиот Парламент. Жестоко.

Камала во сите држави била бетер од Бајден во 2020

Во ниту една сојузна држава Камала Харис не успеала да собере повеќе гласови отколку нејзиниот шеф во 2020. На локално ниво има по некоја област во која го претркала, меѓутоа на сојузно се 50 спрема 0.

Невидена уметност

На светов постојат преваранти, големи преваранти и уметници. Еден од нив е Салваторе Гарау кој има продадено скулптура за 18.000 доларчиња, со тоа што скулптурата е невидлива, тоест скулптура нема! Ама махери се за објаснување на „концептот“: „Гарау го оспорува поимот на физикалност во уметноста. Вакуумот не е ништо повеќе од простор полн со енергија, па дури и да го испразниме, останува да важи принципот на неопределеност на Хајзенберг“. Да повториме: скулптура нема!

Ја гледаме и ни се плаче

Додека Бил Гејтс сака да ги вакцинира кравите за да не испуштаат многу метан, во Велика Британија донеле закон за наследство кое ги опфаќа и земјоделците и фармерите и бара секој фармер кој ќе сака да го остави имотот на своите деца, да плати за тоа. Девојката од видеото вика дека данокот е 20%.  Кој сака повеќе до дознае на темата, нека гугла. Ние би да ви го покажеме селанчето. Капка.

Кралот и премиерот пречекани во поплавените региони на Шпанија

Во поплавите во Валенсија загинаа речиси 220 луѓе, башка уништените животи и милијардите евра штета направена на жителите во регионот. Тој со чадорот е кралот, тој во џипот е премиерот.

Остани ѓубре до крај

Новинарски ведети и тешкаши од CNN, MSNBC и слични „бањати“ медиуми се редеа пред екран за да ја изразат својата згрозеност и огорченост од тоа што стендап комичарот кој го отвори митингот на Трамп во Медисон Сквер го нарече Порторико пловечки остров од ѓубре. Приказната ја закуца и затвори (во сосема друг правец) Дементниот Џо кој симпатизерите на Трамп ги нарече - ѓубре.

Акција - реакција

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, соопшти дека полициското разузнавање дошло до информации дека во едно предградие на главниот град Сан Салвадор, се кријат луѓе од една  банда. А потоа го објави ова видео во кое ќе видите како е реагирано: со 2.000 војници и 500 полицајци, за да се извлече секој од бандата, до последен. Претходно предградието било опколено со мрежа. 

Колку се полоши анкетите за демократите, толку поужасни луѓе почнаа да вадат

Викторија Нуланд, божицата на војната и биолошките лаборатории во Украина, ретко ужасно човечко суштество и заедно со Хилари и Олбрајт, почесен член на најгеноцидното женско трио што некогаш излегло или владеело со САД.

Тешко дека денес ќе чуете подобра вест

Авторите од Вајркатер на Њујорк тајмс, луѓе кои се смараат со правење листи на секакви производи, нивно тестирање и рангирање, стигнале до заклучок, и стојат зад него, дека садовите пред ставање во машина не треба да се гланцаат, туку само да се испразнат, бидејќи на детергентот му треба нешто валкано за да се фати.

Исповед на еден среќен бивш новинар

„Да останев во новинарството, сега ќе бев умрен,“ вели Војислав Мацоко, кој има работено по хрватски портали, меѓу другото и во популарниот Индекс. Депресија, стрес, алкохол, постојано да ги слушаш истите луѓе како те лажат во лице... вели тој за машинеријата која меле луѓе а постојано треба да се храни. Како неговата приказна има хепиенд? Така што го напуштил новинарството и сега е помошник магационер.

Трамп има генијален слоган

„Ова е спот кој на Доналд Трамп може да му донесе победа на изборите“, провокативно напиша Њујорк Пост за спотот со наслов „Глупости“ кој извлекува непријатно изборно ветување на Камала Харис, дека операциите за промена на полот ќе им бидат достапни на сите затвореници (додаваат: и на илегални мигранти). Пазете го слоганот: „Камала е за they/them, Трамп е за тебе“.

Еве кај се парите

Она со експлодирањето на пајџерите и воки-токијата беше вонсериска креација на Израел во начинот на војување ама и ова не се зеза: декласифицирале документи само за да можат на луѓето од Либан да им кажат каде тоа Хезболах држи стотици милиони долари, во злато и кеш. Со мапа на локацијата, со 3Д цртање на подземниот објект, со сè. Пораката е јасна, одете им, земете им ги, ваши се.

Единственото прашање до НАТО за „опасноста од Кина“

„Колку земји има нападнато Кина во последните 40 години?“ Тоа е тоа. Може да терцира и прашањето: „А колку САД во истиот период?“ Ако тоа не е доволно за растерување на маглата, добар новинар (како овој) се префрла на базите: Кина има една воена база во странство, Америка има 750 бази во 80 земји. Сега некој надобуден факт-чекер ќе каже, не се 750, 749 се!

Абориџински пречек за кралот Чарлс

По завршувањето на говорот во австралискиот парламент, британскиот крал Чарлс мораше да сослуша и што има да му каже една сенаторка од абориџинско потекло. Главно, дека тој не е нејзин крал и да врати/ вратат сè што имаат украдено од земјата. Се вика Лидија Торп и кога стануваше сенаторка, одби да ѝ се заколне на верност на тогашната британска кралица Елизабета.

Хабиб Нургадомедов против западниот банкарски систем

Согласно исламските канони по кои лихварењето е еден од најтешките гревови, се портретира како банките дополнително ги осиромашуваат сиромашните зголемувајќи го јазот меѓу луѓето и народите. Чаре? Да се напушти таа мрежа и да се влезе во Wahed, првата платформа за финансиски трансакции во САД која е во согласност со шеријатскиот закон а работи во уште 130 земји. Па после ќе видиме и со сечење раце како до кај сме.

После се лути кога го пукаат

Трамп засекува онаму каде што злотворите многу ги боли - војните по белиот свет со кои се одржува моќта и контролата. „Не се само Демократите, туку и Републиканците, лут сум им и на двете страни,“. Тврди дека да имаше паметни луѓе во Белата куќа, ќе немаше ни Украина ни 7 октомври.  „Ќе дигнеме некоја земја во воздух и ќе заминеме. Нема ништо освен куп мртви луѓе на двете страни.  Колку сме ние тоа глупави??“

Како работат алгоритмите, од Јутјуб до Спотифај

Подкаст епизода во која Емануел Лациќ (има докторирано на системите за препораки) објаснува како алгоритмите се махери да ви го понудат она што вие и не све свесни дека ви се гледа, само за да ви искамчат уште малку време на плаформата (бидејќи вашето време е главниот капитал кои тие го уновчуваат). На ТикТок му се доволни пет секунди да одгледате нешто за да знае што да ви понуди подолу кога скролате.

Има правилен начин како да се јаде шеќер

А тоа е после оброк, како десерт, никогаш наутро за појадок или општо на празен стомак, и сето ова е за количини - едно колаче и понекогаш. Така тврди француска биохемичарка, онлајн прославена како Божицата на гликозата.

Најџел Фараж: Нè прегазија албански кримоси

Албански криминалец кого сме протерале од Британија, се враќа илегално, затруднува Литванка и сега не му можеме ништо, поради Европската конвенција која му гарантира право на семеен живот. Друг Албанец кој бил депортиран два пати, сега се вози по Лондон со своето Ферари од 300.000 фунти. Ама, дечкото бара азил. Ако тоа не ве гневи, не знам што ве гневи, ги прашува Најџел Фараж своите сограѓани.

Докторката со пациентите кои никогаш не се пожалиле

„Имам на свет донесено илјадници бебиња но последниве години се најсреќни во мојата кариера“, вели докторката која последните години работи на таканаречено „асистирано умирање“ односно еутаназија, која во Канада е легално. Притоа језиво се церека на секој аспект на „проблемот кој го решава“. А има решено преку 400 луѓе.  

Зад кулисите на BBC

Новинар свиркач од Би Би Си објаснува како во последно време функционира уредувачката политика која дава резултати како оние во статијата „Пред и по телефонскиот повик“. На новинарите им се праќа бриф „Израел има право да се брани“ и со тоа се поклопува секое спомнување на масакрираните деца и цивили. А од зборот „геноцид“ отиден во етер новинарите ги фаќа паника па знаат да кажат дека е тоа „многу емотивен“ термин. Бљак.

Брате Јапонија, запри се малку

Никакво високо-технолошко достигнување или изум, само исклучително внимавање, накај инсистирање, да им се обезбеди пристојност на луѓето во секојдневниот живот. Во конкретниов случај при косење трева.