Разно

Можевте да читате весник преку него

Некој лудак го убил полицаецот со службено куче, го убил службеното куче, го убил заменикот шериф и избегал во шума. Полицијата добила засилување, упукал двајца од нив а кога свртел пиштол кон полицајците - го убиле. Подоцна, кога медиумите го прашале шерифот зошто го пукале 68 пати(!), тој им одговорил: Затоа што снемавме муниција.

Скапо е само ако не ги вреди парите

Уметничкиот директор на Ермес притиснат сред интервју за цената на производите на компанијата, објаснува што е разликата меѓу нешто што е многу пари и нешто што е скапо. На кратко, никогаш не е во сумата, туку во тоа што го добиваш.

Кому му се верува, нека верува

CNN објавија „извонредни моменти“ кога нивната главна дописничка Клариса Ворд сведочи на ослободување на сириски затвореник од таен затвор во Дамаск. „Оставен сам со денови без храна, вода или светлина, човекот не знаел дека режимот на Башар ал Асад паднал,“ ќе нè трогнат сиененовци. Сеирџии забележаа, после три месеци во самица, како бе ноктите толку средени?

Неподносливата леснотија на ребрендирање милитанти

Американскиот генерал бил одушевен: на курдските милитанти од Сирија им викале да го сменат брендот и да не инстистираат да се викаат како што се викаат. За само неколку дена од сугестијата, овие дошле до брилијантна идеја: ќе го вметнат зборот „демократски“ во своето име! Веднаш звучи поинаку! Нели е тоа генијално решение?

Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Како некогашно лице од Стејт Департментот, Мајк Бенц е инсајдер од „мочуриштето“. Денес е директор на Фондацијата за онлајн слобода, беше кај Џо Роган и неколку пати баш го остави без зборови. Пар извадока од неговото гостување, за корените на проблемите во Украина и за вистинската функција на омилената владина агенција на нашите невладини.

Сосема ново ниво на претерување со луто

Каролина рипер веќе сите ја разбравме и милионите сковили и сето тоа е во ред. Ама зошто да се застане таму, кога може прописно да се претера на неизбежна лична штета. Па што е полуто од најлутата пиперка? Спреј против мечки другари.

Да те фати уплав гумена бомбона на рафт да погледнеш

По социјални мрежи има некој нов тренд / челенџ под наслов „салата од траума бомбони“ во кој сега трезни луѓе раскажуваат како се навлекле или што било пикот на нивната зависност (главно од алкохол и дроги). У-плав.

Вака се признава: Бев идиот

Многумина во САД и кај нас, по последните избори порачаа дека ја разбрале пораката, го слушнале народот, извлекле поента.... Закерберг се каеше што многу виткал кичма пред властите, Скарбороу и Бжежински беа на баци рака кај Трамп... Ана Каспаријан, која заедно со Ченк Ујгур беа жестоки душмани на Трамп, своето „данас отварам очи, након свих ових година“ го прави поискрено: Бев идиот, требаше да видам како живеат луѓето.

Се спојуваат Германија и Данска

Под Балтичкото море ( и до 40 метри) се гради 18 километри долг тунел кој ќе ги поврзе двете земји со две автомобилски, две железнички и една линија за итни случаи. Буџет: седум милијарди евра. Сега со траект се патува 45 минути, тоа ќе биде скратено на седум минути со воз кој ќе шишка 200 километри на саат. Кај нас за седум минути не можеш да стигнеш од Собрание до Црвен крст. Јбг.

Седмата безумна сила

Извинете ако ви одземаме време, ама следат цели девет минути од оние луѓе кои ја уништија довербата во медиумите, меѓудругото воспевајќи го супериорниот морален профил на Бајден кој „никогаш не би го помилувал својот син Хантер“. Ако се прашувате како им е сега, откако го помилува, би значело дека верувате дека во нив има некаква способност за срам. А не сме сигурни во тоа.

Зини ѕиду, голтни ме

Народната мудрост вели дека не се може со глава в ѕид, главно затоа што ѕидот е потврд од главата и џабе ќе ја маваш во него пошто ќе си ја скршиш. Но, постојат и поинакви ситуации. На пример кога ѕидот неочекувано ќе се отвори и ќе те проголта. Сцена од шарената револуција во Тбилиси, Грузија. 

Старбаксот што прв ќе биде бомбардиран

Бомбардирањето е хипотетичко, ама Старбаксот не е. Во Јужна Кореја се отвори Старбакс на самиот брег од реката Хан која ги дели Северот и Југот, со директен поглед на Северна Кореја.

Сè што е погрешно со воук феминизмот

Од Капетан Марвел и Реј Скајвокер, до дизниевите Мулан и наскоро Снежана, сè повеќе жени растураат на филмските платна. Само што, најмногу ги растураат гужвите пред благајните, бидејќи тука нешто е сериозно погрешно. А никој немаше против Сара О'Конор да го лупа Терминатор. Сумирано во еден коментар: Јаки ЖЕНСКИ карактери - не; јаки женски КАРАКТЕРИ - да!

Со Ротко, „во длабокото“

Заинтригирани од цената која ја постигнуваат неговите слики (види: „Останавме ние без Ротко во дневна“), наидовме на видео во кое се рецензираат делата на Марк Ротко, прогласен за „патријарх на тагата и загубата“. Да чуете само што сè имало (имало, си го питам) во тие двобојни баналности. Тој да ти опишувал трагедијата да се биде човек. Хмм. Овој што го смислуел текстот, треба повеќе пари да заработува од Ротко.

Ај чао

Јасно ни е дека поздравот „чао“ сме го земале од Италијанците. Но, за лингвистичка реконструкција и етимологија на зборот, треба да се вратиме неколку чекори наназад, до античка Венеција, за да дојдеме до моментот дека со „чао“ всушност викаме „Јас сум твојот роб.“ Или, ако е полесно, „Јас сум твојот Словен“. Што му доаѓа исто. И тогаш и сега.

Вучиќ на BBC

Вучиќ беше кај Стивен Сакер во фајтерскиот формат на BBC, HARDtalk. Намазан е, јасно. Особено за прашања кои се незгодни но извираат од спорна морална позиција. Прво, Англичанец после Брегзит некому да му мрчи за оддалечување од ЕУ, второ, да проблематизира твоја подршка за нечија територијална поддршка некој што ти ја бомбардирал земјата. А имаме и јак коментар.

Нотр-Дам е обновен

На 15-ти април 2019-та година, целиот свет, а посебно Франција, а најпосебно Париз, беа парализирани од шок од сцената како до рушење гори фамозната катедрала Нотр Дам, стара 800 години, место во кое 28 француски кралеви беа обезглавени и нулта точка од која се мери растојанието меѓу Париз и секое друго место во Франција. Пет години и 780 милиони евра подоцна, на катедралата ѝ е вратен оригиналниот лик.

Крвава поддршка

Хартиен оглас залепен за бандера со корисно инфо делче кое се кине (обично телефонски број) е еден од најстарите огласувачки методи. Овде на ливчето нема телефонски број, туку слоган за поддршка на Израел. Но, дури кога ќе го скинете, сфаќате дека огласот е 2.0. А кога ќе си ги видите прстите, сфаќате дека е 3.0.

Фендер или Гибсон? Или можда Трамп?

Мајчин тој, на сите обврски и галами нашол време да лансира линија тематски гитари (електрични и акустични) на чиј врат пишува „Make Amerika Great Again“. Od 1.500 до преку 11.000 долари. Само тие најскапите со негов потпис да ги продаде, од сегашниот лагер ќе заработи околу 14 милиони долари. Само да не му најдат дека се произведени во Кина.

Урсула и нејзините веш машини

Украина процени дека руската хиперсонична ракета Орешник која пред неколку удри во воена локација близу градот Днепар (по што НАТО и Киев закажаа итна средба, да се види што-како да се прави), носела шест боеви глави, секоја со по шест свои експлозивни товари) и летала со брзина од близу 1.300 километри на час. Не беше толку одамна кога некој нè убедуваше дека очајните Руси земаат делови од машини за садови и фрижидери од што воената индустрија им е на бандаж.

Ѕид на кој и Трамп може да позавиди

Само да го видите ѕидот кој Египет го има изградено долж границата со Газа за да го спречи масовното доаѓање на палестински бегалци. За едни, ова е доказ дека Палестинците не ги сакаат ни „нивните“ (муслиманите), за други, ова е начин како да се спречи израелската стратегија да ја испразнат Газа од Палестинци за да може да се инсталираат "од реката до морето." Како и да е...  

Дуженките на Трамп

На светот веројатно најважно му е Трамп да не прави војни наваму-натаму. На оние во Америка најважно им е да ги реши нивните проблеми со економијата, миграцијата и слично. А на оние што ги скокоткаат приказните чии опашки се влечат со години и децении, едвај чекаат да ги исполни ветувањата дека ќе ги декласифицира документите за 11 септември, атентатот на Кенеди, смртта на Епстин....

Каде било во светот за помалку од еден час

Новиот проект на Илон Маск е туристичка агенција, со ракети, и тоа од оние што ги вежбаа за повеќекратно користење во вселената. Ќе се лета со брзина од 27.000 км/ч. Најбрзите комерцијални патнички авиони летаат некаде со околу 1.000 км/ч.

Бил Мар со отрезнувачка порака до снобовите

„Демократите станаа како кралско семејство кое поради толку многу инцест, за жал, има деца кои се ретардирани. А истото може да се случи и со идеите доколку и тие се зачнати во атмосфера на интелектуален инцест. А да ги тргнете штипките од носот и да почнете реално да разговарате со другата половина од земјата?