Разно

Што е Газа ако не е геноцид?

Според официјалните бројки, таму има загинато 50.000 луѓе, но според пулицеровиот добитник Крис Хеџис, бројот е неколкукратно поголем бидејќи многу жртви има останато под урнатините на Газа која 90% е уништена а 1,9 милиони од населението е раселено. Уништени се болници и таму веќе не постои ниеден универзитет. Како се оспорува тоа?

На интернет не можеш да се допазиш

Девојка постира банала слика како „конечно допирам трева.“ На фотографијата само рака, трева, парче од патиката. Да видите само што сè успеа да дознае врз основа на тие скудни елементи некој што е вешт со интернетот. Адреса на живеење на девојката, име, презиме, каде ја снимила фотката, што кола си купила...  Демначот заврши блокиран, ама не е тоа поентата 

Штета што Путин мора да ги потсети

Светот заборава како тоа почна: имаше еден договор за нуклеарна контрола до кој Техеран се придржуваше, за да му се олабават меѓународните санкции и да добие пристап до замрзнатите средства. Друг потписник на тој договор беа САД кои во првиот мандат на САД, во 2018 година, еднострано се повлекоа од договорот. ЕУ, лицемерна како што ја дал Господ, му порача на Иран, нема врска тоа, вие да си се држите до договорот.

Еврејот од блиску доаѓа

Гидеон Леви, писател и новинар, веројатно е најомразениот човек во Израел бидејќи со години ја зборува незгодната вистина за „своите“. А големите бројки се поразителни- огромен број од Евреите во Израел се за протерување на Палестинците од Газа а не би имале против ни да бидат потепани. Леви проблемот го лоцира во стариот проблем - кога ќе се помисли дека твојот народ е избран од Бога. 

Кендис Овенс, здравиот разум на МАГА

На движењето „Америка на прво место“ сериозен нокдаун му зададе самиот негов основач, Доналд Трамп, потклекнувајќи на с'скањето на Нетанјаху дека мора да го нападне Иран бидејќи „само што не развиле атомска бомба“ (нешто што тој го вергла со години и децении - види овде). МАГА преживува вистинска шизма; едните навиваат Америка да остане светски полицаец,  другите потсетуваат дека „не зборевме така“. Од овие другиве е Кендис Овенс, која деновиве го направи партал превртливиот Пирс Морган.

Гео-стратегија: Иранската замка

Пазете го овој гео-нинџа како прецизно ја склопи шемата фактори по која одамна предвиде дека Трамп ќе го нападне Иран. Дечкото раскажува историја пред таа да се случи. Што е следно? Со внимателно калибрирани реакции, Техеран да го намами Трамп да влезе во војска во Иран. Е, дури тогаш, со 100.000-300.000 војници на терен, војната е добиена. За Иран. 

Евреите во Иран

Идејата дека Иран сака да ги истреби Евреите од лицето на планетата е претекст на сите овие силења на Израел и Америка врз државата која има многу гревови но не и овој, бидејќи во Иран живеат и  - Евреи. Верските слободи комплетно им се почитуваат а тие се лојални па себе се сметаат за ирански, а не израелски Евреи. Во Исфахан, една од трите локации кои САД ги бомбардираше, има 13 синагоги. 

Невладините секаде обожавааат владини пари

Фидијас Панајоту, кипарски независен пратеник во Европскиот парламент, раскринкува уште еден кварен и скап механизам на високата европска политика. Европската комисија на Урсула галантно плаќа невладини организации да лобираат кај пратениците за нејзините зелени политики. Грантовите одат и до 700.000 евра а со НВО-а се склучени фрапантни 9.000 такви договори. 

Koј е овде верски фундаменталист?

Интервјуто на републиканскиот сенатор Тед Круз (дебело плаќан од израелската лоби група АИПАК) за Такер Карлсон испадна целосен дебакл. Не само што не знаеше колку луѓе има земјата за која навива да биде уништена (види овде) туку и објасни на што се темели неговата безрезервна поддршка на Израел и Нетанјаху. Така пишувало во Библијата. Ете, тоа се луѓе кои за некои други луѓе тврдат дека се религиозни фанатици. 

Иран, нигде подобри луѓе, поубава земја и поголема неправда

Ако прашате кој било патник во светот кој имал можност да посети неколку континенти „која е неговата омилена земја во која бил“, можам со 99% сигурност да кажам дека сите ќе кажат Иран. Зошто? Затоа што луѓето се некоја нова количина на добрина што веројатно никогаш порано не сте ја почувствувале, храната е најдобрата што некогаш ќе ја пробате, а градовите се вистински музеи на отворено.

Американската доминација на небото

Ѕирнете една графичка симулација за големината на воените авијации на разни држави која покажува колку американската флота е доминантна и супериорна во однос на сите нив. Разликата е навистина импозантна, само што, талибанците кога гледаат вакви видеа за американската воена надмоќ, мора да си викаат: Да, а?  

Што знае американски сенатор колку луѓе бомбардира

Долгогодишниот републикански сенатор, Тед Круз, страстен интервенционист и апла про-Израел, се најде во небрано кога Такер Карлсон го праша колку луѓе има Иран. Фино лепо, не знае човекот колку луѓе живеат во државата која сака да ја сруши и за чие бомбардирање навива. Голем ќеиф е кога ќе ги видиш вака соголени, голем жал е кога ќе сфатиш дека такви одлучуваат за судбините на милиони луѓе.  

Народскиот говор на шерифот

Не помина долго време откако сенаторот Рон Де Сантис порача дека во Флорида  нема да се теолерираат безредија по улици и особено не конфликти со полиција (види: Ако нема друго, газете), шериф од тамошен округ го операционализираше упатството и го раскажа на брутално  разбирлив јазик. „Ако дигнете рака на нас, ќе го известиме вашето семејство каде ќе може да ви го подигнат телото“

Иран беше на неколку месеци од нуклеарка?

Главното алиби за израелскиот напад врз Иран беше дека тој напад бил превентивен затоа што озлогласниот Техеран бил многу блиску до зботување на ураниумот на ниво доволно за правење атомска бомба. Ок, само што истото тоа го викаа пред две години, истото се викаше пред четири години, истото во 2015-та година, истото во 2013-та година, истото и во 2012-та.... и така наназад сè до 2001-ва. 

Од Блискиот исток ечи „Wonderfull Life'

Додека Блискиот исток се соочува со најсериозната ескалација во последно време, луѓе во Либан си го тераат животот по стандардниот ритам, кој на венчавка, кој на журка, кој по барови. И кога онаму карши ракети го параат небото, се погаѓа песна чии стихови велат:  Here I go out to sea again/ The sunshine fills my hair/ And dreams hang in the air... Како на Титаник кога свиреа виолини додeка бродот тонеше.

Културата на цензура нè направи слепи, глуви и глупи

Одмазничкиот удар на Иран испадна посилен отколку што се очекуваше па сега на Запад се чудат. Иранскиот режим требаше да падне, слично како што Русија лесно ќе беше поразена зашто економијата ѝ е слаба, слично како што „Кина не знае да иновира“. “Зошто ние на Запад сме склони да ги потценуваме противниците?“, се прашува професорот Глен Дизен. 

Рон де Сантис: Ако нема друго, газете

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, на своите граѓани им ги објасни правилата: ако сте во кола, ве опколи некоја толпа бараби, почнат да ви се закануваат и почувствувате дека сте загрозени - само гас! Ако попат соберете и згазите некого, нивна грешка. Никој не е должен да седи во својот автомобил и мирно да чека бандата да го линчуваат.  

Завршниот лет на украински дрон

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави видео од операцијата „Пајажина“ со кое сериозно ги изненадија Русите напаѓајќи им 4 воени аеродроми во длабок - до 4.000 километри - офсајд. Видеото покажува како дронот почнува од бааги далеку, непречено влегува во територијата на аеродромот каде што веќе се крева чад од претходен удар и потоа се забива во руски стратешки бомбардер Tu-22M3.

ЦК на ЕУ не трпи разногласие

Член на Европскиот парламент од Луксембург бил исфрлен од неговата политичка група ЕЦР (европски конзервативци и реформисти) во која членувал цели 16 години. Тој е дипломат од кариера и верува дека кога Американците, па дури и Украинците разговараат со Русија, нема логика ЕУ да остане тврдоглава во ставот да не го прави тоа. Со таа идеја за дипломатија отишол во Москва по што „Политбирото“ го исфрлило од своите редови.

Помислете денешните злотвори што сè знаат за вас

Во Холандија имало уапсено и убиено многу повеќе Евреи отколку во Франција заради една проста  (но статистички значајна) причина: за разлика од францускиот, холандскиот попис имал и графа за религиозна припадност па Нацистите таму точно знаеле на која врата да тропнат. Башка што кооперативните Холанѓани тие податоци ги имаат предадено доста ентузијастички. 

Газа, срамот на нашето врeме

Ние и нашиот стрес сме најмалку битни, но навистина се изнагледавме ужаси од секојдневието на луѓето од Газа, сакајќи да ви го доловиме а притоа да ги избегнеме сите оние апла брутални и шокантни сцени кои секојдневно доаѓаат од таму a кои не се осмелуваме ни да ги раскажеме. Пред очи на цел, горе-долу рамнодушен свет, се случува хорор кој дури и тишината (меѓу две бомби) може да го долови.  

Којзнае дали преживеа

Моментот кога настана огромната експлозија во фабрика за хемикалии во источната кинеска провинција Шандонг. Работник од фабриката е снимен како вешто успева да избега од силосот во кој настана пожарот и експлозијата, но со оглед на тоа колкава беља испадна од тоа, не сме најоптимисти. Покрај другото, тоа е еден од најголемите светски производители на пестициди.

Нечовечност на жар

Според извори на Обединети нации, меѓу 300.000 и 500.000 луѓе во Газа се соочуваат со екстремна  глад, класифицирана во фаза 5 (катастрофа). Израел воведе ригидна блокада и опсада на појасот, хуманитарна помош пушта на лажиче (Гутереш) а на само неколку метри од тој концентрационен камп, некој прави пикник и пафта скара.

Сељачиште на кое му се може

Џеф Безос од Амазон, еден од најбогатите луѓе на светот, околу домашниот имот има подигнато ограда од 8 метри, плус систем кој оневозможува љубопитни дронови. Проблемот е што во тоа маало максимално дозволена височина на ограда е 4 метри а казната е 50.00 долари неделно. И овој редовно, секоја недела, ја плаќа казната, за да го зачува мирот во својот „Зајас“. За контекст: Безос заработува 800.000 долари на час.