Разно

Џордан Питерсон почна и диети да „шитка“

Ако го следите човекот редовно (а ние пишуваме за него шест години), веројатно споделуваме чувство дека малку премногу го има и дека е влезен во она медиумско тркало кое од луѓето бара да се прознесуваат за сешто. На пример, Илон Маск му се пожали на стара повреда на грбот и рамото. Наместо „виде ли тоа со лекар?,“ Џордан веднаш му препорача корнивор диета (да се бута само месо). На жена му ѝ помогнало. 

Може е време Камотски да размислува за пензионирање

За разлика од времето кога „спортот“ се појави по руски вашари и слични собиранки, сега шамарањето стана дел од УФЦ викендите, под закрила на истата компанија, и доби целосен апгрејд што следува со таа професионализација.

Ако не можеш да спречиш, помири се дека ќе бидеш ограбен, полесно ќе ти биде

Снимкава е од Британија и е прилично вознемирувачка, а тоа затоа што народот уште не е помирен со кражбите. За разлика од нив, во делови од Калифорнија локалците масовно почнаа да оставаат отворени прозори на автомобилите, бидејќи секако ќе бидат ограбени, ама барем па нема да имаат ваква штета и трауматични призори.

Јака порака до разгалената Европа

Дечкото се чуди што градови во Европа се бунат против туристите па ги мава со реалност: помирете се со тоа дека сте Дизниленд и ништо повеќе. Вашите економии стагнираат, додека Кинезите прават соларни панели, вие не правите ништо освен што ја проституирате својата историја и продавате сушено месо. Вашите градови се музеи, вие сте кукли. И на туристите треба да им кажете фала.

Илон Маск: Воук вирусот е зло. Тоa го уби син ми

Во двочасовен разговор со Џордан Петерсон, Илон Маск проговори за шокантните и трагични случувања во неговото семејство, поточно син му Ксавиер кој бил убеден дека проблемите му доаѓаат од родова дисфорија а татко му, Илон, бил измамен да потпише да му се даваат блокатори за пубертет, верувајќи дека така го спасуваат од идејата за самоубиство.

Тоа е таа француска култура

Според традицијата, со првата сесија на нов француски парламент заседава најстариот новоизбран пратеник а му асистира најмладиот. Во случајов тоа беше 22 годишниот Флавијан Терме од партијата на Марин Ле Пен кому никој од колегите и колешките не му пружи рака, еден му изигра лист-камен-ножички а Себастијан Делогу, алжирски мигрант од Марсеј, дури и заканувачки го зазјапа, како пијан цреп во селска дискотека.

Ева до Урсула: Ти си за во затвор

„Допрва ќе се гледаме во Брисел, со мене нема да ти биде лесно “ ѝ порача полската европратеничка Ева Зајачковска на Урсула фон дер Лајен, откако оваа обезбеди втор мандат на чело на ЕК. Зајачковска се смета за конзервативен либерал и оценува дека вториот мандат за Урсула е најава за дополнително урнисување на ЕУ. Тоа го пиша после изборот, да чуете што сè и плесна в лице на седницата!

И Бајден има свој атентат

Џо Бајден, јули, 2021: „Ако сте вакцинирани... имате преку 98% шанси НИКОГАШ да не закачите коронавирус“. Џо Бајден во јули 2024-та ТРЕТПАТ фаќа ковид. За неговите медиумски трабанти, ова е слично на атентатот на Трамп, па ако Бајден се опорави од ковидот на овие години, и тоа е доказ за неговата сила и божји знак дека треба да биде претседател.

Париската градоначалничка заплива во Сена

Градоначалничката на Парис, Ен Хидалго, ги исполни ветувањето дека до Олимписките игри ќе успеее да ја исчисти и да ја направи безбедна за капење реката Сена која долги години беше гадотија. Стотина години во неа никој нормален се нема бањато. На девет дена до Игрите, Хидалго се брцна во реката за да демонстрира дека е чиста. 

Каде згреши Тајната служба, според Вол стрит журнал

Викендов 20-годишен дечко со пушка во рака се качи на кров од објект на нешто повеќе од 130 метри од местото на кое Трамп држеше говор и истрела куршум кој благодарејќи на милиметри не доведе до граѓанска војна во САД.

Протесни позери

Меѓу оние јадници кои партии го довлекуваат со автобуси за митинзи, за сендвич или како веќе тоа оди, ќе најдете поербап луѓе со интегритет отколку меѓу овие млади, освестени и прогресивни про-палестински американски пацери кои се собрале за да дадат поддршка за каузата. Дечкото фати да ги прашува за што протестираат. Еден не најде да му одговори.

Како град може да се олади за осум степени

Повторно расте интересот за зелените кровови по една нова студија која покажа дека додавање вулканска пепел на нив ги стабилизира температурите, штити од троскот, ефикасно ја решава водата и не е потребно одржување. Со вложување во зелени кровови 10 милијарди долари, во САД би можеле да се создадат 190.000 работни места и да се покријат 4,5 милијарди квадратни метри кровен простор.

2 дена по обидот за атентат

Трамп во знак на пркос сепак реши да не зема боловање туку да се појави на републиканската конвеција во Милвоки. А таму на терен се случуваат две темелни промени врзани со Тајната служба, задолжена за неговото обезбедување: прво, сега ги има како мравки во мравјалник, второ, по перформансот и резилот што жените агенти го изедоа во Пенсилванија, во обезбедувањето инстантно беа укинати сите квоти за разноликост и застапеност на жените.

Делот од секунда заради кој Трамп уште е жив

Вчера и денес ќе имавме сосема поинакви вести ако Трамп во последна секунда не ја свртеше главата. На Трамп беше пукано од нешто повеќе од 130 метри.

Бабо ти си за на Олимпијада, не за во дом

Пациентка со Алцхајмер редовно бега од домот во кој е затворена така што на свои 92 години прекачува врата и ограда од 2 метра како да се скала.

Синан Сакиќ кај Саи Баба, публиката како на Иги Поп

„Синан е рокенрол. Тоа не може да биде сељана,“ пишавме некаде во 2018 година кога се одјави најголемиот во паралалениот андеграунд. Да додадеме уште некој пиксел во големата слика: татко му свирел во воената филхармонија во Загреб, тој редовно одел во ашрамот на Саи Баба а неговата публика се има самоповредувано како на концерти на Иги Поп. А дека бил тажен и несреќен човек, тоа претекуваше од песните.

Пазете каде биле снајперистите

Една видео снимка од профил на која се гледа Трамп како држи говор и веднаш над него снајперистите од тајните служби. Дечките се насочени во вистински правец (онаму од каде што е пукано) и не го гледаат дечкото на кровот со пушка, ама затоа веднаш потоа, за неколку секунди успеваат да го елиминираат? Ја чудим.

Такер го предвиде атентатот врз Трамп

„Ако почнете со критицизам, па протестирате, па покренете импичмент, па подигнете обвиненија и ништо од тоа не успее, што е следно? Сфатете, итаме кон атентат!“ прогнозираше пред некое време Такер Карлсон. Иста атмосфера на непомирливост претходеше и на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо а ќе се сетите и како среде една шарена хистерија, еден дедо пукаше на „министерот за смрт“. 

Што ако се запознавме на кафе?

Американски војник со окрвавени раце во Ирак отвора чакри за таа одвратна улога која им ја дала државата. Се присетува на еден случај, кога убил човек па влегол во куќа каде убил друг човек во неговата сопствена спална соба. Што ќе беше ако се запознаеа поинаку, ако животот им дадеше прилика да се сретнат во поинакви околности? Ќе станеа ли можеби пријатели? Тој тоа нема да го дознае, оној другиот уште помалку.

Чарли Мангер проба да ве спаси од сите финансиски гуруа

Да, да, до гуша во „пасивен приход“. За тие што не знаат, Мангер беше заменик претседател на Беркшир Хатавеј и најблизок соработник на Ворен Бафет по зборовите на Ворен Бафет. Човекот може да проба да ви помогне, другото е ваше.

„Магијата“ зад успехот на Амазон е чисто зло

Како компанија пресреќен си што Амазон те побарал баш тебе и што е заинтересиран да те купи тебе или твојот производ. По ова следуваат преговори на кои како што е ред компанијата се целосно се отвора пред Амазон до последни детали што за производство, што за технологии, пазари, ќар / зијан итд. Следниот чекор е Амазон никогаш повеќе да не те побара, а за една година да го видиш својот производ под Амазон логото.

Жена во Кина нашла чекан и сега цело село во паника

Жената пред некои 20 години во нива го нашла чеканот и од тогаш го користи регуларно, за ковање шајки, кршење ореви, а се покажал и посебно добар и за толчење бибер. Неодамна за ова разбира локалната полиција, и полиција ко полиција ја остави жената без чекан.

Кога филмовите се снимаа, а не се генерираа

Во јануари 1999 почнува снимањето на филмот Гладијатор. Ова е од почетната сцена на филмот во која римските легии се судираат со германските племиња. Снимена е во Англија во местото Боурн вуд и тоа откако Ридли Скот дознава дека тамошното шумско стопанство решило да го отстрани тој дел од шумата, па тој вади дозвола наместо тоа да ја запали шумата за потребите на филмот.

Панајоту да ви каже колку ќе го плаќаат како пратеник во ЕУ

Фидијас Панајоту е кипарскиот јутјубер што беше избран за пратеник во Европскиот парламент. Пред некое време разбрал што ќе значи тоа за него во пари. Ќе значи брдо пари. Основната плата му е 8.000 евра.