Разно

Срце немаат да ни кажат отворено

Под притисок на јавноста и законот за достапност на информации, американскиот Центар за превенција и контрола на болести го достави извештајот за она што го знае за мРНК вакцините и миокардитисот после вакцинирањето. И, што вика извештајот? Тоа е цаката, апсолутно секој наод во извештајот на 148 страници е редактиран, односно покриен. И вие ги сомничите дека нешто ни кријат?

Шапиро е за слобода на говор до Израел, натаму мукла

По години работење да се позиционира како столб на слободниот говор во САД и бранител на сечие право да каже што мисли, периодов полека ама сигурно почнува да еродира слободарската империја на Бен Шапиро откако израелската интервенција во Газа ја судри слободата на говор со непомерливо про-израелските ставови на Шапиро. Иако тоа веројатно беше јасно и до сега, драмата ескалираше откако тој ја отпушти Кендис Овенс заради објавување ставови критички кон Израел.

За слободата во дигиталното бачило

Австралиски сенатор предупредува на орвелијанските последици од креирање централизиран дигитален идентификатор за граѓаните кој ќе содржи податоци за секое нивно движење, трошење или однесување. Имаме во доста наврати пишувано на оваа тема и стравот никако да ни помине. „Сакаш бургер? Не дечко, јаглероднииот отпечаток за овој месец ти е во црвено. Имаме брокула за тебе“. Хорор. 

Смртта е привилегија на сиромашните

Уште од „Fortunate son“ na Creedence Clerawater Revival, се потсетуваме дека во војна гине сиромаштија додека синовите на чаушите/тајкуните/газовите живот живеат. Ова (пропагандно) видео е направено за украинската младеж која исчезнува во воената мелница за месо, додека „елитни“ припадници на таа генерација си го прчат во странство. Нормално, апсолутно истата поента важи и за руската страна.

Морализирањето на Џон Стјуарт

Џон Стјуарт објаснува како функционирале измамничките шеми на Доналд Трамп за што беше драстично казнет сo 464 милиони долари (подоцна му спуштија на 175 милиони ако плати за 10 дена). Секогаш кога треба да позајми пари, Трамп ја пумпа вредноста на она што го има, па апартман од 1.000 квадрати го пријавува како да е 3.000. Не поминаа ни три дена, Стјуарт го стигна кармата.

Џефри Сакс: Макрон па ич не ми е јасен

Сам ми има кажано дека проширувањето на НАТО во Украина е причина за конфликтот во кој се наоѓаме. Сега тврди нешто сосема спротивно. Не ми е јасно што му е. Ако е игра за политички гласови - губи. А и воопшто не е е игра. Не можам да сварам ваква инфантилност. Овие луѓе треба да пораснат. Последното нешто што го сакаат Французите е да гинат во Украина.

Лекциите веќе не минуваат

Никако да сфатат дека со помпезноста и замислената морална супериорност, нивното попување веќе не проаѓа ни кај вториот ни кај третиот свет. Оној новинар на BBC кој се изгоре од соговорник од Јужна Африка, сега нагази на претседателот на Гвајана, кому реши да му опишува колку јаглерод диоксид ќе биде испуштен од нивната нафта. Да, а? А знаеш ли дека ние чуваме шуми големи колку Англија и Шкотска заедно?, му враќа младиот Мохамед Ирфан Али.

Науру стана другар на Кина

Државата со некои си 12.000 жители неодамна одлучи да ги прекине дипломатските односи со Тајван. По тој повод претседателот на земјата беше поканет во Пекинг каде му беше направен пречек што го немаат видено 99% од светските лидери што ја посетиле Кина, а бе сакаш гарда, сакаш топови, сакаш поворка, сакаш сите министри. Сè. Комплет.

Не е само диктатор да бидеш, треба на сè да мислиш

На севернокорејската телевизија некако стигнува некоја западна програма за градинарство од почетокот на 2000-те. Вам тоа можеби ви изгледа целосно безазлено, ама на цензорите во Пјонгјанг очи им истера западната пропаганда која се промовира преку програмата - фармерки, според тамошните власти еден од главните симболи на американскиот империјализам.

Главен инженер на брод објаснува околу бродската несреќа во Балтимор

Бродот не е хакнат, судирот не е намерен, грешката се случува кај моторот не кај управувањето, на таа брзина нема сидро што ќе запре брод од 100 илјади тони за толку кратко време, не е одржуван бекап генераторот и затоа не проработел како што треба, Хјундаи прави каков брод што ќе му нарачаш и неверојатно е колку се понапред од Америка.

 

Што толку Америка се фуфка од Кина?

Ни Британија, ни Франција, ни Германија, ни Индија немаат конкурентни верзии на американските Гугл, Фејсбук, Амазон... Од друга страна, Кина не само што има, туку има подобри и поголеми. Но, таа има и нешто друго, мулти-финкционална апликација преку која, меѓу другото, можеш да му пратиш пари на кого сакаш во светот, без провизија. Е, тоа допрва ќе боли. СВИФТ-но ќе боли.

Битката за Брисел се води со измет и вода

Во неколку досегашни свои гостувања во центарот на Брисел, белгиските и европските земјоделци дојдоа со трактори што влечат цистерни со измет (инаку за употреба на нива). Истото го повторија и сега, само во меѓувреме на белгиската полиција и текна дека во гаража има водени топови.

Што коцкар мисли дека изгубил и што казино знае, не се иста работа

Дејна Вајт едно утро по заглавување во казино се буди прилично разочаран што ноќеска изгубил 80.000 долари на коцка и на телефон во разговор со казиното им кажува дека ќе им ги памти овие 80 илјадарки. Казиното пак извадено од памет што овој мисли дека биле 80.000.

Америка доби аплауз на отворена сцена

Границата на воодушевување од САД во Обединетите нации моментално е симната на тоа да не блокира резолуција на Советот за безбедност со која се бара прекин на огнот во Газа. СБ се труди да ја донесе резолуцијата, а САД става вето, уште од октомври минатата година кога израелската војска влезе во Газа. И овој пат САД не гласаа за резолуцијата, ама барем не ставија вето, туку решија да бидат воздржани.

Црвената крава и Третата светска војна

Пазете го овој детал во таа верско-историската калакурница. Хамас тврди дека израелски десничарски екстремисти планираат да жртвуваат црвена крава за да го остварат пророштвото дека на местото на џамијата Ал Акса (која има посебно место во исламот) еден ден ќе биде изграден фамозниот еврејски Трет храм.

Најиб Букеле не запира

На северот од Ел Салвадор беа убиени две лица и за кратко време двајцата убијци од Суренос бандата беа уапсени. Сега, за целосно да се искокрени бандата од тој дел на земјата, Букеле испрати 5.000 војници и 1.000 полицајци.

Мечка страв, Кенди не страв

Кендис Овенс собра храбрсот јавно да го изговори она за што во Америка не се ни шепоти. Дека Израел ги контролира американските медиуми. „Секој американски политички коментатор го знае тоа со години. Дека ако не излезеш со гласни про-израелски ставови, па дури и ако си премногу тивок за нешто, можеш да изгубиш сè“. Кендис дефинитивно има поголему муда од Дилан Малвени.

Премиерот Владимир Путин

Во септември 1999 се случува серија од четири експлозии во неколку станбени згради во неколку градови во Русија. Загинуваат 300 луѓе, а над 1.000 се ранети. Владимир Путин во тоа време едвај нешто повеќе од 1 месец е премиер на Русија.

Кога нема власт, важно е да има народ

Во гратче во јужна Шпанија се случува грабеж на златара. Иако прилично прометно место, полиција нема ни за лек. За среќа има комшии и минувачи.

Тешко време да се биде жена

Одличен наслов за панел дискусија кај Пирс Морган, наслов кој добива супер ироничен призвук ако тема на дискусијата е Дилан Малвени, оној хибрид кој јако го наплати своето транзитирање од маж во жена за на крајот на процесот да ни открие дека го привлекуваат жени. Со други зборови „Дилан испадна дека е лезбејка“. Морган му влезе со клизачи кога Дилан го опиша како „верзија на Гугл Џеминај за силна и независна жена.“ Баш.

Едвард Сноуден: Цел свет мора да го види ова

Со голема резерва и неубаво во душата, решаваме сепак да ви го проследиме видеото од Газа кое го препорача Едвар Сноуден за отворање очи што се случува таму. Се работи снимка од ладнокрвно убиство на четворица млади невооружени луѓе кои пробувале да стигнат до своите разрушени домови. Еден од нив испадна само ранет, но и него го дотепаа.

Дечкото кој го убеди ЧетГПТ дека постои Господ

Алекс О' Конор е паметен дечко со жилет мисла. Потребно е многу знаење од филозофија и логика, систематичност и полемичка луцидност да се изведе мисијата која си ја задал. Дијалогот меѓу него и ЧетГПТ на тема дали постои Господ не е лесен за следење, но ако сте по„филозофирање“ (вештина која за народот кој дреме по кладилници е чисто губење време), уживајте. 

Мастерклас на Џефри Сакс

Кај Пирс Морган беше Џефри Сакс, американски економист, политички аналитичар и професор на Колумбија, еден од сè поретките морални вертикали на глобалното јавно мислење. Важи за еден од најбараните говорници на светот а има најави дека можеби наскоро ќе го видиме и во Македонија. Нема проблем да каже што мисли за Путин и Украина, за забраната на ТикТок, за изрелската влада.

Иде Трамп = Иде Дунав

Како што пиша Крис Хеџис (овде), на Бајден и Демократите за изборите им останува само да играат на картата на картата страв од враќање на Трамп. Медиумската машинерија е покрената во тој правец и еве една мала збирка со што сè се плашат гласачите ако во Белата куќа повторно дојде претходниот станар. Не можете да замислите какви сè хорор приказни се тоа.