Разно

Полицијата на Торонто открива нови нивоа на неспособност

Советот од полицијата на најголемиот канадски град за народот што треба да го брани и да му служи, е дека најбезбеден начин за граѓаните да се справат со крадци на коли е да им го остават клучот од кола пред врата, па овие што сакаат нека прават. Бидејќи тоа се луѓе што се дојдени да украдат, а не да повредат некого, ама сешто може да се случи, ако не им успее тоа првото.

Американски тик-так за ТикТок

Не им пречи што Кинезите им ги прават витамините и антибиотиците, им пречи апликација. Сè може да пројде покриено со фамозното „заштита на националните интереси“, иако ништо не е докажано на суд или поинаку. На компанијата Бајтденс ѝ даваат 6 месеци да го продаде ТикТок иако, за да не ги сомничат, овие податоците ги чуваат на Оракл сервери во Тексас. Сенаторот Ренд Пол и Такер ја раскринкуваат оваа глупа и опасна хистерија.

Ни Трамп не смее да зуцне за Кенеди

Судијата Ендрју Наполетано го потсетил Трамп на ветувањето дека ќе ги објави материјалите за атентатот на Џон Ф. Кенеди. Овој му рекол: „Тебе да ти го покажат она што мене ми го покажаа, и ти немаше да ги објавиш“. Кои се тие, што ти покажаа? „Некој ден кога нема да бидеме на телефон и нема да нè прислушуваат 15 луѓе, ќе ти кажам.“ Џефри Сакс: „Се вели дека после Кенеди, Америка нема претседател туку изведувачи на работи за системот.“

 

Британија блокира блокатори на пубертет

Во Велика Британија веќе нема им се препишуваат на деца блокатори на пубертет (читај: стерилизација) заради ужасните ефекти кои можат да ги предизвикаат. Тоа беше повод Џордан Питерсон да го потсети Џастин Трудо дека Британците се освестиле ама касапите во Канада и натаму работат. „Јас да се прашувам ти кривично би одговарал за ова,“ му пишува клиничкиот психолог на канадскиот премиер. 

Имаме фора до 2029 година

Познатиот футуролог Реј Курцвеил, во разговор со Џо Роган, предвиде дека до 2029 година, вештачката интелигенција ќе стане попаметна од човекот. Илион Маск оди уште подраматично. Според него, веќе догодина вештачката интелигенција ќе се израмни со онаа на човекот а во 2029 ќе биде попаметна сите луѓе заедно. 

Челенџер заглави пред камери

Работите што Челенџер ги прави добро, ги прави навистина добро, и ова посебно важи за прецизноста и дометот што го има. Ама затоа слабите страни посебно му се истакнуваат на фронтот во Украина, односно преголемата тежина на тенкот во однос недоволната сила на моторот за да го извади од украинската кал.

Ни старите мигранти не ги сакаат новите мигранти

Овие што пред години ја имаат преминато американската граница не можат да ги смислат сите овие што последниов период се натопорија во САД, како што никој што работел за пари не може да смисли готовани.

10.000 евра излез од Украина, ама без гаранции

На романско-украинската граница запрено е комбе Мерцедес со украински таблици „до врв“ товарено со вкупно 34 Украинци на возраст за регрутација кои пробале да избегнат завршат во униформа и на фронт. Секој од нив платил по 10.000 долари, во надеж дека ќе стигне подалеку од граничниот премин.

Дојче телеком би да ви всади уплав од објавување слики од деца

И до сега не беше паметно да се објавуваат слики од сопствените деца по социјални мрежи, без разлика колку тоа е добронамерно. Сега, кажете фала на ВИ, објавувањето станува опасно, а Дојче телеком тоа многу упадливо го демонстрира.

Што со цвеќето?

Еве едно корисно видео за сите оние наставнички и останати девојки и жени кои ќе се наполнат дома со цвеќиња за Осми март. Човеков ги пробува сите веријанти за кои слушнал или прочитал, на тема што треба да се стави во водата од вазната, за цвеќето да издржи најдолго. Нема да ви кажуваме спојлер ама Редбул не е. Редбул? Да, и таков муабет имало. 

Блазе си им, им се падна најдобриот Бајден од сите Бајдени

Водителот и политички коментатор на MSNBC, Џо Скарбороу, влезе во таков севдах за својот имењак Џо Бајден што и неговите колеги од државната телевизија на Северна Кореја би позавиделе. Вика: „Овaa верзија на Бајден (онаа што ќе излезе и годинава на избори - н.з.), интелектуално и аналитички е најдобриот Бајден од сите Бајдени досега.“

Казахстанска екскурзија за функционери

Казахстанската анти-корупциска организирала бесплатна прошетка и предавање во локалните затвори за новата постава казахстански функционери и чиновници од блиску да се запознаат со ќелиите во кои ќе лежат ако бидат фатени на крадење или се огрешат во работата.

Глобалниот силеџија не се крие

Од милион музичко-филмски-литературни причини, никогаш нема да престанеме да ја сакаме Америка. Ама дека таа држава е злотвор, злотвор е. Постои нешто што се вика меѓународен поредок, така? На таа - и онака тенка - плетка, се заснова надежта дека во светов сепак постојат некои правила и дека нема сите да отидеме у мајчину. Една од клучните алки во тој поредок се вика Меѓународен кривичен суд (оној во Хаг), така?

Турска полиција не верува на ротација

На времето во поголемите руски градови една од најчестите злоупотреби на ротација беше плаќање на шоферот на Брза помош да те вози до аеродром со вклучена сирена и ротација, за да куртулиш од сообраќајниот хаос. Во Турција за сега само возачите на најразлични службени возила ги мрзи да чекаат во ред.

Џорџ Галовеј воспитува новинари

Шкотот Галовеј од Работничката партија е бучен, правдољубив и зезнат. На скорешните избори ги потепа конкурентите од главните британски партии што за премиерот Риши Сунак беше алармантна и застрашувачка вест. Новинар го запира и му ги реди ставовите на премиерот, сè додека овој брутално не го сосече: Чекај бе дечко, кој победи, малиот Риши Сунак или јас? Зборуваш за него како да е Мојсеј. Дали го почитувам премиерот? Не, го презирам, исто како и милиони други луѓе.

И Лавров знае да се насмее на виц

„Господине Лавров, каква е вашата реакција на неодамнешните забелешки на Емануел Макрон за можно праќање европски војници во Украина“?

Како изгледа пропаганда кога ја прави Њујорк тајмс

Девојката што зборува е Мона Чалаби, поранешна соработничка на 538 и Економист, а сега ангажирана од Гардијан. Девојката за која зборува е Анат Шварц, поранешна припадничка на израелското разузнавање, а сега авторка на текстови за Њујорк тајмс, меѓу кои и оној во кој се објавува за масовното силување од страна на Хамас кое се случува на 7 октомври.

Приказната за рускиот олигарх што ги купи патиките на Трамп

Како што веќе може да се очекува од ваквите медиумски хајки, човекот не е олигарх, второ роден е во Украина и како дете е преселен во САД, трето има добротворна организација што до сега собрала над 250.000 долари за Украина, и ако нешто значи исто така е и американски воен ветеран. Ама ништо од ова не треба да сопре добар кликбејт наслов.

30 години од масакрот во Ибрахимовата џамија

На 25 февруари 1994 за време на рамазанската молитва, израелскиот доктор со американско-израелско потекло, Барух Голдстин, вооружен влегува во Ибрахимовата џамија во Хеврон и почнува да пука кон верниците. Убива 29 луѓе, некои и на 12-годишна возраст, и ранува дополнителни 125, пред да биде совладан и претепан до смрт од преживеаните.

Машкото знаење нема граници

Чисто за референца девојката на видеото се вика Џорија Бол и е сертифицирана професионална ПГА натпреварувачка и инструкторка за голф. Видеото го снима за да покаже како вежба некој нов удар.

Вести од „градината“

„Европа е градина. Сè функционира и тоа е најдобрата комбинација од политичка слобода, економска перспективност и општествена кохезија што човештвото изградилo. Огромен дел од остатокот од светот е џунгла. Џунглата може да ја нападне градината а градинарите треба да се справат со тоа“, ќе каже во неколку наврати Жозеп Борел, еден од главните градинари на Брисел.

Изгледа палестинско знаме слободно се мафта само на Запад

Од сите места на светот каде што може да се очекува тргање на палестинското знаме, веројатно Ќабата е последното пред сама Газа и Западен брег. За појаснување, Ќаба е најважното место на исламот, за нас познато како црната коцка во центарот на Големата џамија во Мека.

Ќе ја прават ли големата?

НАТО не се откажува од проширување со Украина, Путин не се откажува од предупредување дека тоа ќе значи автоматско вовлекување на континентот во нуклеарна војна. А во таа војна ќе нема победници. Мал разговор со северноатлантски бот: - Ако самата Украина сака во НАТО, што има Путин да се меша во тоа? - Аха, како што ние самите сакавме да си го смениме името.

Мурга дрот за дрогите

Мурга е јасно - џандар. Од оние олдскул инспектори со кои нема заебанција, и теренаш и експерт. Од оние кои многу фалат, откако компетентните беа заменети со подобни парадери со службени возила. Легенда на сараевската НТШ сцена, опеан во песната „Мурга дрот“ на Забрањено пушење („он те прво понуди цигаром па те послије разбије“), има многу што да му каже на Сенад Хаџифејзовиќ од Фејс ТВ.