Епик миал тајм е дело на Харли Моренстин и неговите пријатели, кои некаде во октомври 2010 почнуваат да се снимаат и објавуваат видеа со храна на Јутјуб. Иако Харли и другарите по потекло се од Канада, шоуто се снима во Калифорнија, а главна и единствена цел на сите е да измислат и направат што е можно поневеројатно и покалорично јадење.
По десет години постоење излезе дека ниту „другарите“ биле другари туку платени актери, ниту дека можеш да го одржиш вниманието и интересот на публиката со уште еден рецепт со многу сланина.
Од милиони прегледи по видео, денес Епик миал тајм е паднат на некои си 30 - 40 илјади прегледи.