Сè што се става на лице треба да е чисто - затоа и се нанесуваат производи откако ќе ја исчистиме кожата. Со оглед на тоа што сè трпи лицето преку ден, важно е да се внимава што се допира до него ако целта ни е да имаме убава кожа.
„Алатките треба да се што е можно почисти, за да се доведе до минимум ризикот од бактерии што можат да предизвикаат исфрлање. Сунѓерот треба да биде исчистен од потенцијалните бактерии,“ објаснува мејкап артистот Нил Сибели, кој работи со славни личности на Менхетн. „Најздрава опција е да се чисти сунѓерот после секоја употреба за да не се насоберат бактерии со тек на време. Сепак, разумно е и на неделно ниво, за да отстрани маснотијата, правта и веќе размножените бактерии да ви се вратат на кожата.“
За чистење:
- Потопете го сунѓерот во вода. Чекајте да се рашири сосема и да може голема количина вода да се исцеди од него.
- Нанесете нежен течен сапун, ако може без мирис, и по можност да е специјален за разложувње на заостаната шминка и нечистотија.
- Ако треба, помогнете си со гумирана подлога за чистење четки и сунѓери, од оние со испакнатини и нерамнини, за потемелно чистење.
- Плакнете и стискајте.
- Оставете да се исуши.
И фино би било да имате заштитна опаковка за нив. Им се намалуваат опциите на бактериите.