И неа и виолетово и црно, плус мали ташни и големи платформи. Версаче како да одлучува дека има да се носи во наредниов период и тоа по кафиња, не само по Мет Гали. Чевлите се веќе видени последниве две години, кожните сукњи последен пат во 2002, а кожните јакни имаат добиено малце џен-зи ажурирање.
Сè е носливо, од пијачка до свадба, а ако нешто потсеќа на „писта“, тогаш е чипката. Од неа никогаш доста. Чипката буди чувство на некои други времиња, можеби сродно на колекцијата на Диор што влече инспирација од Катерина де Медичи, ама за радување е тој спој на векови претходно и 2023.
Најмногу што радува? Сите брендови извадија карго-панталони. Не дека се стрчавте по Версаче карго, ама тоа значи дека сите што продаваат панталони до максимум 50 евра ќе ги ископираат преку ноќ.
„Отсекогаш сум сакала бунтовнички. Жена што е самоуверена, паметна и по малку дива. Носи кожа, нитни и изресен тексас и има доволно храброст да ги измеша со шифон, трико и тијара! Тоа е силна, ослободена жена; прекрасна; јасно ѝ е. Таа е Божица на Слободата.“
-Донатела Версаче
Одморете: