Катрал беше во оригиналната четворка на серијата кога почна во 1998, заедно со Паркер, Никсон и Дејвис. Во текот на серијата беше номинирана за пет Еми награди и доби еден Златен глобус. Нејасно е колкава ѝ била платата на почетокот на серијата, но според Селебрити Нет Ворт, во последните три сезони заработувала по 350.000 долари по епизода. Ако е точна оваа бројка, има заработено 7 милиони долари за 20-те епизоди од шеста сезона. Иако платата е висока за телевизиски стандарди, многу е помала од она што го има заработено СЏП - според истиот извор, Паркер заработувала 3,2 милиони по епизода, што е еднакво на 64 милиони за последната сезона. За ова има и причина - Паркер беше и продуцент на серијата од 4-та до 6-та сезона, како и главна улога, па јасно е зошто е подобро платена. Ама толку многу подобро? Дел од екипата не се согласува.
Во 2017, Њујорк Пост извести дека некои од луѓето што работеле на серијата сметале дека не е фер Паркер да биде најдобро платена, кога Саманта е омилен лик за повеќето гледачи.
„Имаше разлика во она што Сара го заработуваше и платата на другите девојки. Сите го сакаа ликот на Ким, луѓето се пронаоѓаа во неа - а нејзината плата не го покажуваше тоа,“ вели еден инсајдер.
Потоа, Катрал побарала 1 милион од епизода за планираната седма сезона, не добила и веројатно затоа серијата заврши на шеста. Во едно интервју и има потврдено дека парите се дел од причината што завршила серијата. „Сметав дека после шест години, беше време сите да учествуваме во финансиските придобивки на ‘Сексот и градот’,“ изјави тогаш. „Кога не беа отворени за таа идеја, решив дека е време да продолжам понатаму.“
И во филмовите има заработено помалку од Паркер - 7 милиони долари за првиот и 10 милиони за вториот дел. За споредба, СЏП, која беше извршен продуцент на двата филма, заработи 15 милиони за првиот и 20 милиони за вториот филм. Катрал заработила повеќе од Дејвис и Никсон, кои пак имале по 3 милиони за првиот и 4 милиони за вториот дел. Ким не ни сакала да го прави првиот, но прифатила кога ѝ понудиле покачување.
Ако се согласеше на новата серија, Катрал најверојатно ќе заработуваше 1 милион долари од епизода и веројатно ќе беше продуцент како другите три.