Сестрите Сандерсон реагираат на трејлерот

Зборевме дека ќе излегува втор дел од епскиот, најкултен „Хокус Покус“ со најјаките вештерки на Дизни (поточно со Бет Мидлер, и понатаму ништо не е важно)? Е па, ќе има. И трејлер излезе. И трите вештерки го гледаа трејлерот.

Чекајте прво да го пуштиме:

Прашање е дали е можно да биде подобар, или барем да се оправда од првиот, ама со сигурност може да се тврди дека фановите ќе го пречекаат со раширени раце. Мидлер, Наџими и СЏП вложуваат еднаква енергија и веројатно нѐ чекаат нови сцени за цитирање.

Сега, наводно прв пат, им го пуштаат на нив трејлерот и им ги снимаат првите реакции:

Инаку, како што се врати во спотлајт и релевантност, Бет Мидлер веќе стана мета на новото време: Транс-лобито разочарано од Бет Мидлер.

15 јули 2022 - 00:01