Сега можете да си ја купите куќата од „The Conjuring“

Ако не ви се проблем 1,2 милиони долари и не ви е проблем куќа со духови, ете.

Прво да се потсетиме, назад во 2013 го добивме заплетот на The Conjuring, каде истражувачите на паранормалното, Ед и Лорејн Ворен (ги играа Патрик Вилсон и Вера Фармига) ги кани семејството Перон во нивната нова куќа на Роуд Ајленд. Таму откриваат дека семејството го напаствува поранешната сопственичка на домот, обвинета вештерка со име Батшиба Шерман.

Но, интересното кај оваа франшиза е што е базирана на реални настани. Случајот Перон вистинските Ед и Лорејн навистина го истражувале во 1971 и тврделе дека духот навистина го тероризирал семејството.

Дали е така сега тука нема да навлегуваме - новоста е дека сега куќата се продава и цената е 1,2 милиони долари. Се наоѓа на Раунд Топ Роуд бр. 1677 во Буривил, Роуд Ајленд, има огромен имот и куќа од 915 квадрати, три спални и едно ипол купатило.

Од агенцијата вака се потрудиле:

Раунд Топ Роуд бр. 1677 е имот со таква фасцинантна историја и со задоволство го нудиме овој интересен дом. Имотот од The Conjuring е интригантна понуда во северен Роуд Ајленд.

Интересен дом, да.

Од 2013 наваму, The Conjuring порасна во една од најуспешните современи хорор франшизи, од каде што излегоа и Анабел и Калуѓерката.

И снимка има од понудата:

29 септември 2021 - 11:58