Приказната зад фустанот на Блејк Лајвли

Блејк Лајвли веројатно победи на последнава Мет Гала. Се мислиме и за Џиџи Хадид, со тоа што Џиџи само беше прејака - Лајвли има цел концепт околу нејзиниот изглед.

На црвениот тепих се појави со сопругот Рајан Рејнолдс во фустан, кој подоцна, со мали интервенции стана друг фустан и луѓето полудеа.

Темата беше антологиска американска мода, или оној термин gilded age, за кој моделот на фустанот совршено одговара.

Но.

Покрај партнерот, кој беше во плишан костум (соодветен за темата):

изгледот на Блејк има и референци за Њујорк:

Тијарата беше за статуата на слободата.

Деталите на корсетот се Емпајр Стејт Билдинг.

Задниот дел од фустанот што се влече има констелации од таванот на станицата Гранд Сентрал, нешто што и фановите на „Озборувачка“ го протолкуваа како поздрав.

Значи, Џиџи беше врв во Версаче, ама ако делиме оценки за напишано домашно, тогаш - Блејк.

3 мај 2022 - 13:04