Роберт Егерс ќе го крева вампирскиот класик од мртвите (хехех) и според Варајети, неговата долгогодишна опсесија со „Носферату“ конечно ќе може да се сподели со јавноста.
Ќе биде нов поглед на оригиналниот нем филм од 1922, плус римејкот на Вернер Херцог од 1979. Во проектот веројатно ќе се вклучи Лили-Роуз Деп, која е веќе во преговори да игра млада жена во 19 век во Германија со древен, крвожеден сталкер.
Егерс работеше во The Northman со Бил Скарсгард, па се очекува тој да го игра вампирот чија опсесија всушност го прави хоророт - и таман - навикнат е на тоа глупите запчиња уште од It.
На филмот се работи уште од 2017, и накратко и Ања Тејлор Џој и Хари Стајлс биле ангажирани за главните улоги.
Најава за премиера нема сè уште, ама светот заинтересирано чека, а Вулчр има претпоставка дека „ќе биде на адекватно морничав датум.“