Деведесетгодишната легенда на Стар Трек, на почетокот на месецов стана најстар човек во историјата што патувал во вселената, во ракета што ја направи компанијата за вакви екскурзии на Џеф Безос - Блу Ориџин.
За време на едно гостување на Шоуто на Џонатан Рос, Џоан која еднаш се има појавено и во епизода на Стар Трек јасно кажа дека не одобрува.
„Неверојатно нели? Каква будала. Кој сака тоа да прави? Не, апсолутно не. Го виде ли Бил Шатнер?“ му рече на водителот. „Во воздух беше, па го вртеа наопаку. Ајде прво да се потрудиме околу оваа планета пред да почнеме да ја напуштаме.“
Кога го прашаа другиот гостин, Брајан Кокс, дали би патувал во вселената, тој се согласи со Колинс.
„Не, апсолутно не. Мислам дека е преглупо. Се сеќавам кога ги гледав Бренсон и Безос како летаат 11 минути, или така нешто… Не, не ни требаат вселенски бродови. Доволно срање имаме тука. Не ни треба повеќе.“
И принцот Вилијам неодамна имаше изјава против вселенскиот туризам, велејќи дека богатите треба да се обидуваат „да ја поправат оваа планета, не да пробуваат да најдат ново место за живеење.“
Шатнер имаше реплика на ова:
„Тој е прекрасен Англичанец. Ќе биде крал на Англија еден ден. Прекрасен, нежен, образован човек, но погрешно сфатил. Идејата не е да кажеш, еј, гледајте ме, во вселената сум. Не, на принцот би му кажал, и се надевам дека ќе ја добие оваа порака, ова е мал чекор индустријата, сите тие загадувачки индустрии да се однесат… надвор од Земјата.“
Е, како да не.
Џоан forever.